По одличната победа на легендарната патека Сузука пред еден месец, тимот на Јамаха забележа уште една победа на 18-то издание на германската трка на издржливост која се возеше во Ошерслебен.

Suzuki Oschersleben 8 Hour 2014

По одличната победа на легендарната патека Сузука пред еден месец, тимот на Јамаха забележа уште една победа на 18-то издание на германската трка на издржливост која се возеше во Ошерслебен.

Точно на пладне 36 возачи итаа кон своите мотоцикли на правецот на Германската мотоспорт патека Ошерслебен, а возачите на GMT94 Yamaha тимот имаа една цел, да ја намалат разликата во генералниот пласман од 29 поени. Тимот GMT94 Yamaha е актуелен светски првак во трките на издржливост, а по вчерашните трки во Германија, предноста на Сузуки е намалена на 23 поени.

foray gmt94

Yamaha YZF-R1 е покажа како одличен мотоцикл, прв на него се качи Давид Чека кој стартуваше како трет, иако стартуваше лошо и првиот круг го заврши на седмата позиција, до крајот на неговата сесија успеа да дојде до чело од колоната и потоа да го предаде мотоциклот на вториот возач Кени Фореј. Кени излезе на патеката на петтата позиција, успеа да ја задржи до крајот на своето возење, а откако му го предаде мотоциклот на Мат Гинс тој успеа да ја врати славата на новиот Р1 со првата позиција.

Конзистентноста на возачите на Јамаха на крајот се покажа како круцијална за победата на тимот. Покрај тоа што безбедносното возило неколку пати излегуваше на патеката, тимот постојано напредуваше па на шестото влегување во пит стопот веќе имаа предност од 40 секунди. На крајот Фореј беше човекот кој ја имаше честа да го донесе Р1-от во пит стопот како победник, со предност од 18 секунди пред конкурентите на Сузуки. 

Oschersleben 8hour 2015 GMT94 Winners

Последната трка се вози на Бол Д`ор на 17-20 септември со што ФИМ Светскиот шампионат во издржливост ќе го добие новиот шампионски тим.

Back To Top

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.