По повлекувањето на фабричкиот тим од Dakar, Yamaha најави учество на Africa Eco трката која се вози низ легендарните делови на Африка, секако!
Малку неочекувано неодамна Yamaha по долга и богата историја во најпознатот рели на светот релито Dakar, најави дека го повлекува нејзиниот фабрички тим. Но, како и што се очекуваше, одлуката не била спонтана или непромислена, сега полека но сигурно се разбиструваат плановите и насоката која овој јапонски производител на мотори ја зафаќа.
Имено, по највата на специјалната верзија Tenere 700 ‘World Raid’ се разбира на база на Tenere 700, сега Yamaha најави учество на уште една важна трка во светкиот календар. Важна затоа што се вози во пределите каде Dakar ја стекна сета своја слава. Africa Eco Race стартува од Монако и завршува во легендарниот град Дакар во Сенегал. Трката ќе се вози од 15 до 30 октомври а целта на Yamaha е да ја докаже вистинската рели ДНК која во себе ја носи моделот Tenere 700 ‘World Raid’.
Станува збор за 12 тркачки етапи распределени во 15 дена а за Rebel X Sports Tenere World Raid тимот, официјално поддржан од самиот производител ќе возат две познати имиња. Првиот возач е италијанецот Alessandro Botturi, искусен Dakar натпреварувач и победник на двете претходни Africa Eco трки. Покрај него ќе вози и, за овиј тип трки, новајлијата Pol Tarres. Шпанецот е легенда која меѓу другите свој подвизи успеа да заврши во првите 20 натпреварувачи на познатото Romaniacs Enduro натпреварување и тоа токму на својот Tenere 700.
Botturi и Tarres го прифатија предзвикот да влезат во натпревар со Ténéré 700 World Raid моделот кој е доправен со Genuine Yamaha Technology Racing (GYTR) делови, кои вклучуваат и поглем резервоар и KYB суспензија.
“Everyone is excited to take on the Africa Eco Race, and the Yamaha Ténéré 700 World Raid is the perfect machine to tackle such a challenging rally. We have been working a lot on the bike already, and it feels incredible.” – Pol Tarres
Како дел од подготвките Yamaha Ténéré World Raid тимот ќе се натпреварува и во Tunisian Desert Challenge од 21 до 29 април кој се состои од 8 етапи со дистанца од 2700 километри.
Јасно е сега на која карта решиле да играат јапонците, само останува да видиме дали ќе успеат да докажат дека на рели светот му треба повторно промена во насока на поглеми мотори, пред се заради комерцијалната поврзасност со актуелните модели достапни за „обичните смртници”.