Останато

Силвиан Даберт: Во лов на рекорд

Кај трофејот Андрос не се работи само за автомобили. Мотоциклите од  AMV купот се голем дел трките секој викенд. Доколку сакате да дознаете повеќе за трките по мраз, нема подобра личност со која би можеле да разговарате отколку со осум кратниот шампион и бранител на титулата, Силвиан Даберт.

Следете нè на:

 

Кај трофејот Андрос не се работи само за автомобили. Мотоциклите од  AMV купот се голем дел трките секој викенд. Доколку сакате да дознаете повеќе за трките по мраз, нема подобра личност со која би можеле да разговарате отколку со осум кратниот шампион и бранител на титулата, Силвиан Даберт.

Силвиан, кои се твоите лични цели за оваа година, освен титулата?

„Победување на трките очигледно е моја цел но исто така и освојување на деветатата титула. Ова особено важи бидејќи сакам да го изедначам светскиот рекорд по број на победи. “

Да освоиш осум титули во ваков шампионато кој е многу компетитивен, е нешто навистина посебно. Која е твојата тајна?

sylvian dabert 1

„Една од моите предности се квалификациите. Имам талент да ја освојам пол позицијата уште во првиот круг дури и ако не ја познавам патеката. Погледнете ги резултатите од мојата последна квалификациска сесија. Уште во првиот круг ја освоив пол позицијата а другите кругови не ми беа толку добри. Сум бил на оваа патека но условите се секогаш поинакви. Но исто така и пневматиците и шилата се најдобри во првите неколку круга. “

Тука си три секунди побрз од автомобилите. Не очекував такво нешто.

„Токму така, ние сме секогаш побрзи од автомобилите. Разликата помеѓу автомобилите и мотоциклите во суштина зависи од типот на патеката. Тука разликата изнесува две до три секунди но на некои патеки може да достигне и до седум секунди. Ние сме многу по агилни во споредба со автомобилите и имаме поголема брзина во свиоците.“

Условите на патеката тука во Андора се многу потопли и патеката не е иста во споредба со останатите трки. Во гаражата слушнавме различни мислења. Што мислиш ти за ваквите услови?

sylvian dabert 3

„Тука сум да се тркам на мраз. Затоа повеќе сакам кога условите се такви отколку она што го имаме во моментов. Но сепак се чувствувам добро и сметам дека ќе постигнам добар резултат и на вакви услови. Долго време сум дел од овие трки и сум видел речиси се. Затоа и не се изненадив од ваквите услови.“

Во минатото беше дел и од Супермото, кое за многумина е слично со возењето на мраз. Дали има некаква блискост помеѓу овие две натпреварувања?

„Иако во двете дисциплини има лизгање, не можеме да направиме вистинска споредба. Стилот на возење е комплетно различен. Кај Супермото сте агресивен со предната сопирачка. Кај возењето на мраз треба да направите баланс кога се лизгате. Ги користиме предните сопирачки но не сме толку агресивни.“

sylvian dabert 4

Покрај овие трки, дали си заинтересиран за други дисциплини?

„Во голема мера сум бил дел од сите трки. Како мал бев дел од мотокрос а помеѓу  14 и 16 години бев дел до ендуро трките. Се уште уживам во мотокрос трките бидејќи сакам кога скокам со мотоциклот. Тоа не го правите во AMV купот или пак во Супермото. За време на летото, уживам кога скијам на вода.“

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

MotoGP шампионот, Марк Маркез, вели дека шасијата, перформансите на моторот како и поголемата концентрација се главните причини зошто има толку малку инциденти за време на трките.

Денеска ви носиме нови вести околу продажбата на мотоцикли.

Малата разлика во поразите на трките во Катар и Муџело покажува дека возачот на Honda е способен да победи на патеките кои му одговараат на мотоциклот на Ducati.

„Ги финализираме преговорите со возачот и неговиот менаџер. Се надеваме дека наскоро ќе ја слушнеме нивната одлука“ - Алекс Маркез ќе остане дел од Moto2 и ќе вози за Marc VDS?

Една од најинтересните работи кои ги видовме за време на WorldSBK трката која се возеше во Лагуна Сека беше преставувањето на најновиот модел кој ни доаѓа од фабриката во Болоња, Ducati Panigale V4 25° Anniversario 916.

Вообичаено, ова би требало да биде најдобриот период за забавниот парк во Калифорнија, но тој е затворен поради реновирање.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

  • 10 Август 2019 - 10 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Битола

  • 24 Август 2019 - 24 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Прилеп

  • 31 Август 2019 - 01 Септември 2019
  • Патека Плевен
  • Долна Митрополија, Бугарија

  • 07 Септември 2019 - 09 Септември 2019
  • Република Македонија

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.