Австралиецот Тоби Прајс победи на Релито Дакар 2019. 31 годишниот возач ги надмина сите очекувања откако целото рели го возеше со повреда на раката. Ова е втора победа на Дакар за Прајс откако истото му успеа и во 2016 година.  Во 2017 година ја скрши ногата на четвртата етапа а минатата година заврши на второто место.

Трката во последниот дел од релито беше навистина изедначена откако Австралиецот ја започна последната етапа во должина од 70 милји со предност од само 1 минута и 3 секунди пред возачот на Husqvarna, Пабло Квинтанила. Но Квинтанила доживеа тежок пад во текот на последниот дел од релито и на крајот мораше да се задоволи само со четвртото место во генералниот пласман.

Со оваа победа на Прајс продолжува неверојатната низа за КТМ која сега изнесува неверојатни 18 победи по ред во класата мотоцикли.

Dacar Text 18 01 2019

Прајс изјави: „Чувството е неверојатно и мислам дека се уште не сум свесен што успеав да постигнам. Пред да почне релито мислев дека добар резултат ќе биде и ако успеам да стигнам до половина на трката. Мојот мотоцикл беше неверојатен и сакам да им се заблагодарам на механичарите за тоа. Целата екипа заврши неверојатна работа и без нив и јас немаше да бидам тука. Тие вложија толку многу напор пред да почне релито а веќе кога пристигнавме тука, остана на мене да го завршам вториот дел од задачата.“

„Бевме многу изедначени утрово и Пабло и јас знаевме дека мораме да притиснеме уште од самиот старт. За жал тој доживеа несреќа, иако мислам дека ја заслужуваше победата. Сите кои се дел од ова рели заслужуваат да победат. Сега во план ми е да одам дома и малку да се одморам. Знам дека треба да го проверам зглобот но мислам дека нема да помине многу време пред повторно да се вратам на тркањето.“

На второто место се најде минатогодишниот победник, Матиас Валкнер, кој исто така возеше повреден. После речиси 34 часа возење, Австриецот заврши со заостанување од 9 минути и 13 секунди зад победникот.

Британецот Сем Сандерленд го освои третото место во генералниот пласман. 29 годишниот возач имаше одлично темпо во првите две етапи а и покрај казната од 1 час, тој сепак успеа да дојде до третото место.

„Секогаш се чувствувам добро кога ќе ја минам целната линија на Дакар. Ова беше неверојатно тешка трка за сите кои беа вклучени, не само за мене туку и за сите тимови, возачи и механичари. Мотоциклот беше одличен во текот на целата недела и затоа сакам да и се заблагодарам на мојата екипа. Задоволен сум со третото место иако тоа не беше резултатот на кој се надевав. Но, и самото завршување на ова рели е успех. Честитики за Тоби, беше неверојатен во текот на целата недела.“

Сандерленд беше единствениот Британски возач кој успеа да го заврши релито. Макс  Хант ја заврши трката за време на етапата број 5 додека пак Ричард Ман се здоби со тешки повреди откако излета во етапата број девет.

Резултати од етапата број 10

Тоби Прајс                         KTM       1ч 14м 01с

Игнацио Корнехо              Honda   + 2м 21с

Матиас Вакнер                 KTM       + 2м 38с

Сем Сандерленд              КТМ       + 3м 19с

Луциано Бенавидес         КТМ       + 3м 20с

Кевин Бенавидес             Honda   + 3м 59с

Дакар 2019 конечни резултати

Тоби Прајс                         КТМ       33ч 57м 16с

Матиас Вакнер                  KTM       + 9м 13с

Сем Сандерленд              КТМ       + 13м 34с

Пабло Квинтанила           Husqvarna          + 20м 46с

Ендрју Шорт                     Husqvarna          + 44м 10с

Хавиер Де Соултраит     Yamaha                + 54м 00с

Back To Top