Останато

Канет успеа да го победи Дела Порта и се искачи на првото место на трката во Брно

Шпанецот се врати на првото место на табелата, Дела Порта и Арболино ги комплетираа местата на подиумот.

Следете нè на:

 

Шпанецот се врати на првото место на табелата, Дела Порта и Арболино ги комплетираа местата на подиумот.

Арон Канет се врати на првото место на табелата откако успеа да победи на трката во Брно. Во интересна и помалку хаотична Moto3 трка, тој успеа да заврши на првото место со предност од неколку десетинки во однос на главниот ривал, Лоренцо Дела Порта. На врвот на табелата, двајцата возачи ги делат само три поени. Тони Арболино го комплетираше подиумот а Хауме Масиа заврши на четвртото место.  Сепак, најголем впечаток на трката остави Николо Антонели кој успеа да дојде до петото место.

Арболино стартуваше од пол позицијата а трката уште од самиот почеток беше интересна. Џон МекФи имаше пролеми на самиот старт а возачите кои беа зад него мораа да маневрираат за да го избегнат. Повеќето возачи успеаа но не и Јуки Кунии кој се удри во мотоциклот на МекФи и падна.  Иако имаше проблеми со мотоциклот, Шкотланѓанецот ја продолжи трката но по кратко време мораше да се повлече.

Напред на патеката, дебитантот Раул Фернандез го презеде водството а блиску беше и Тацуки Сусуки. Ова ветуваше дека ќе следиме навистина интересна трка. После неколку круга, Арболино и неговиот тимски колега, Романо Фенати го презедоа водството. После десетина круга, на лидерската позиција се најде Дела Порта.

Но Канет не планираше да му дозволи на неговиот најголем ривал да се одвои. На три круга до крајот на трката, во ист момент тој успеа да претекна двајца возачи . Следуваше борба помеѓу четири од  најдобрите пет возачи на табеата. Кој ќе заврши како победник?

 DSC3793

Дела Порта прв влезе во последниот круг но набрзо беше претекнат од Арболино и Канет. На излегување од свиокот број девет, Катен ја искористи грешката на Арболино и изби на првата позиција која ја сочува до самиот крај.

Дела Порта успеа да ја спаси ситуацијата откако го претекна Арболино и сега го делат само три поени од првото место во генералниот пласман. Возачот со број 48, пети пат оваа сезона завршува на втората позиција. Арболино сега се наоѓа на четвртото место во генералниот пласман  а петти е Масиа.

Во меѓувреме, Николо Антонели успеа да дојде до петото место. Поради проблеми со мотоциклот, Италијанецот мораше да ја стартува трката од гаражата. Најпрво успеа да се најде на позиција која носи поени, потоа меѓу најдобрите десет возачи а на крајот дури беше и дел од борбата за место на подиумот. Во последниот круг имаше шанса да се искачи на подиумот но сепак не успеа во тоа и мораше да се задоволи со петото место.

Аи Огура имаше уште една добра трка откако заврши на шестото место.  Сега го делат само 12 поени од лидерот кај дебитантите, Целестино Виети кој не ја заврши трката. Андреа Мињо беше седми и успеа да го победи ветеранот Романо Фенати кој трката ја заврши на осмото место. Одлична трка имаше и домашниот возач, Јакуб Корнфеил кој од дваесетото место на крајот успеа да дојде до деветата позиција. Зад него беше Дарин Биндер.

Ајуму Сасаки, иако стартуваше од 24-то место, на крајот трката сепак ја заврши на единаесетото место а зад него беше Раул Фернандез. Солиден настап имаше и Макар Јурченко кој заврши на тринаесетата позиција. Чан Ончу и Денис Фоџиа ги освоија четиринаесетото и петнаесетото место.

Трката не успеаа да ја завршат Филип Салач, возачите на Estrella Galicia 0,0, Серхио Гарсиа и Алонсо Лопез како и Каито Тоба.

Сега возачите се подготвуваат за трката во Австриј а кој е биде победник ќе дознаеме на 11-ти август.

Арон Канет: „Работите не се одвиваа според планираното бидејќи го претекнав Антонели од надворешниот дел на свиокот. Но откако се најдов на второто место, си реков дека сега единствено што треба да направам е да го претекнам Арболино. Кога го направив тоа, притиснав уште повеќе и добро го затворав секој дел од своците. Трката и ја посветувам на мојата фамијата и на тренерот. “

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

Kawasaki полека ни открива нови информации околу нивниот „supercharged“ мотоцикл.

Маверик Вињалес вели дека има неверојатно чувство со мотоциклот и на трката која ќе се вози во Јапонија, ќе продолжи да се бори за подобар пласман.

Андреа Довициозо и Данило Петручи до крајот на сезоната имаат за цел да постигнат што е можно подобар пласман.

„Не сме задоволни од последните резултати и во Мотеги ќе испробаме други опции“ - Валентино Роси

Јохан Зарко се враќа во MotoGP и во последните три трки од сезоната ќе вози за LCR Honda.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.