Со големо жалење мораме да ви ја пренесеме информацијата дека 2017 Isle of Man TT ја зеде првата жртва. Англичанецот Дејви Ламберт почина откако се здоби со сериозни повреди по инцидентот кој го имаше на 4-ти јуни на трката Superbike TT.

stream img

Ламбер се судри во близина на замокот Греба за време на третиот круг од трката. Не местото на инцидентот веднаш му беше укажана лекарска помош, а потоа и со хелихоптер беше пренесен во најблиската болница каде за жал почина. Ламберт дебитираше на планинската делница на „Manx“ Гран При во 2014 година кога го освои четвртото место на трката „Newcomers A “. Истата година го освои и дваесет и четвртото место на трката „Junior Manx“. Во 2015 година повторно се врати на „Manx“ каде што ги освои деветото и единаесетото место на „Junior“ и „Senior“ MGP трките. На осмото место се најде на минатогодишната „Senior“  MGP трка. Ова беше прва година како 48 годишниот возач настапува на Isle of Man TT.

Back To Top