Останато

Фернандез го спречи Наваро да стигне до првата победа

Маркез излета надвор од патеката, Фернандез победи а Наваро мораше да се задоволи со второто место на трката во Силверстоун.

Следете нè на:

 

Маркез излета надвор од патеката, Фернандез победи а Наваро мораше да се задоволи со второто место на трката во Силверстоун.

Аугусто Фернандез стигна до втората победа во Moto2 кариерата откако излезе како победник во една интересна борба со возачот на Campetella Speed Up, Хорхе Наваро. Во меѓувреме, лидерот на табелата ја направи првата грешка оваа сезона и излета надвор од патеката во првите етапи од трката. Возачот на Red Bull KTM Ajo, Бред Биндер, ги комплетираше местата на подиумот.

На Маркез, кој стартуваше од првиот ред, за кратко време напред му се приклучи Наваро. Шпанецот успеа да се одвои од останатите возачи и Наваро немаше никаков проблем да го следи за време на првите четири круга. После тоа возачот на Speed Up процени дека е време да промени нешто и успеа да го претекне својот сонародник. Сепак, возачот со број 37 веднаш возврати.

Набрзо после ова Маркез излета надвор од патеката. Ова за него беше втор пат оваа сезона како не завршува една трка. Наваро прејде во водство а на Биндер му стана јасно дека има големи шанси втора трка по ред да дојде до победа. На десет круга до крајот, Биндер и Фернандез го претекнаа Наваро. Но на четирти круга до крајот на трката, Наваро повторно изби на лидерското место. Задната гума на Биндер беше оштетена а тоа го искористи Фернандез кој го презеде второто место. Сепак, возачот на КТМ не сакаше така лесно да се откаже и добар дел од последните неколку круга на патеката во Силверстоун, двајцата возачи беа изнедначени. Тоа пак му овозможи на Наваро дополнително да ја зголеми предноста.

Moto2 Silverstoun txt 26 08

Фернандез конечно успеа да му избега на Биндер и се впушти во потера по Наваро. Во последниот круг, успеа да му се приближи и да го претекне. За Фернандез ова беше втора Гран При победа.

Возачот на КТМ, Бред Биндер успеа да го сочува третото место и покрај лошата состојба на пневматиците. На седум трки до крајот на сезоната, Маркез е во водство со предност од 35 поени. На второто место со ист број на поени се наоѓаат Фернандез, Наваро и Том Лутхи.

Со петото место кое го освои, Тецута Нагашима го изедначи неговиот најдобар резултат. Шест секунди зад него беше Фабио Ди Џианантонио а на седмата позиција се најде Лоренцо Балдасари. Благодарение на осмото место кое го освои на трката, Лутхи ја задржа втората позиција во генералниот пласман. Лука Марини и Чави Виерге ја комплетираа листата на десет најдобри возачи.

Аугусто Фернандез: „Очекував да бидам напред но не очекував да победам. Ова беше неверојатна трка. Имав лош старт и притискав до самиот лимит на мотоциклот. Кога видов дека Алекс излета надвор од патеката, знаев дека имам шанса за победа. На крајот, имаше навистина интересна борба со Бред и Хорхе и уживав додека се тркавме. Трката му ја посветувам на мојот татко кој неодамна го прослави роденденот.“

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

На почетокот од месецов во Скопје се оддржа првиот Тренинг за безбедно управување мотоцикли во организација на мото клубот Безбедност.

Хорхе Лоренцо ќе се повлече од мото трките.

Валентино Роси дојде до моментот кога треба да одлучи  дали ќе ја продолжи MotoGP кариерата или ќе замине во пензија. Поранешниот ривал Макс Бијаџи има поинаква идеја.

Меморандумот ги поставува основите за нова земја да може да се приклучи на календарот.

EICMA не е само најдоброто место каде што можат да се видат најновите мотоцикли туку е и одлична можност за тимовите да ги престават своите нови возачи.

После 18 трки низ 15 различни држави, голем број на победи, возбудувања и Motul Super Fan настапи, дојдовме до финалната трка.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.