Сем Сандерленд заздравува од повредата поради која мораше да се повлече од релито Дакар и веќе во текот на денешниот ден се очекува да се врати во Европа.

Сандерленд, кој беше значаен дел од фабричкиот тим на КТМ, при голема брзина пропадна во дупка. Продолжи да вози но набрзо почна да губи чувство во нозете. Тој престана да вози и со хеликоптер брзо беше пренесен во болница во Лима.

nintchdbpict000377200704 e1515530668896

„Го повредив грбот, а причината поради која не ги чувствував нозете е бидејќи имаше голем притисок врз рбетот. Докторите ми велат дека за кратко време ќе се опоравам. Треба да видиме како ќе се одвиваат работите во следната недела но навистина сакам да избегнам операција. Веќе можам да станам од кревет и да одам до тоалет и тоа е добро. Им кажав на лекарите дека доколку нема потреба, не сакам повеќе да земам медикаменти,“ изјави Сандерленд за MCN.

„Разочаран сум бидејќи ова ми се случи на Дакар. Имав добра година, добро возев и се беше под контрола. Бев опуштен и не притискав премногу, но тоа е Дакар. “

Back To Top