Опрема

X-Lite X-803 Ultra Carbon

На саемот ЕИЦМА во Милано Нолан ја претстави новата кацига за 2018, X-Lite X-803 Ultra Carbon.

Следете нè на:

 

Ова е ексклузивната карбонска верзија на новата тркачката кацига на X-Lite. Намалената тежина и големина (благодарение на јаглеродната конструкција), механизмот на визирот кој има двоен акциски систем како и ефикасниот RAF (Racing Air Flow) вентилациски систем ја прават X-803 ULTRA CARBON најексклузивна тркачка кацига. Се работи за 100% „race-replica“, односно кацигата која можете да ја купите е истата онаа со која се натпреваруваат светски познатите мото возачи.

eicma 2017 1 141


Да погледнеме што е ново кај моделот за 2018 година:

803 UC 0009 1Nolan Emergency Release System (NERS)

Овој систем овозможува во случај на незгода лесно да се извадат штитниците за образите додека возачот се уште ја носи кацигата само преку отстранување на црвената лента која е закачена на предниот дел на штитниците.

803 UC 0008 2Странична видливост

Во споредба со својот претходник (X-802RR), кај X-803 е подобрена страничната видливост. Зголемена е должината на визирот и со тоа периферното видно поле. Со тоа е подобрена и безбедноста како и комфорот при возењето.

803 UC 0007 3Прилагодлив внатрешен визир

Благодарение на ексклузивниот систем за прилагодување, пинлок визирот на кацигата може да се прилагоди без да мора да се извади од кацигата.

803 UC 0006 4Двојна акција

Заклучување на кацигата за да се спречи отворање на визирот при голема брзина или негова кондензација.

803 UC 0005 5RAF вентилациски систем

Резултат на искуството и тестирањето во воздушните тунели. Направен од индиректни, горни, влезови за воздух, преден влез за воздух, предна заштита и странични излези за воздух.

803 UC 0004 6Прилагодлив уред за стабилност

Во споредба со неговиот претходник (X-802RR), кај  X-803 е подобрена стабилноста при големи брзини благодарение на целосната промена на задниот „спојлер“. 

803 UC 0003 7Комфорт

Кај X-803 е подобрена удобноста, пред се кај брадата. Штитникот за брадата е малку поиздолжен за да обезбеди поголема статичност и удобност.

803 UC 0002 8Подобрена ергономија

Полесен проток на воздух низ горниот дел од кацигата. Внатрешната облога е составена од странични штитници за образите како и ремени кои може да се извадат и измијат.

803 UC 0001 9Единечни штитници за образите

Материјалот од кој се изработени штитниците за образите има за цел да обезбеди еднаков притисок и конзистенти перформанси во споредба со традиционалните материјали кои се употребуваат. Лесно може да се отстрани доколку сакате да го исперете.

Цената на новата X-Lite X-803 Ultra Carbon во Макпетрол (увозникот на Нолан за Македонија) сѐ уште не е позната, но ќе ве информираме веднаш штом ја добиеме.

Би можело да ве интересира

Валентино Роси вели дека е убеден дека може да се бори за титулата.

„Сиахрин мора да покаже напредок и подобрување но исто така и да ја намали разликата со тимскиот колега“ – Ерв Поншарал

Кени Робертс зборува за MotoGP сезоната 2019, аеродинамиката, Марк Маркез, недостатокот на возачи кои доаѓаат од САД и уште неколку други работи.

Веќе ви имаме кажано дека Suzuki планира да престави нов модел на пазарот. Сега добивме информација дека големиот оф роуд мотоцикл е забележан на патиштата во Италија.

Еден од најинтересните модели кои ги видовме на мото шуто во Остин, Тексас, беше рачно изработениот мотоцикл на Revival Cycles наречен, Birdcage.

Викендов на патеката Серез во Грција се возеше втората рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам на кој настапија 6 македонски возачи.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.