Мотоцикли

[видео] Слушнете го новиот Ducati V4

MCN објавија многу слики од новиот Ducati V4 но се досега ние не знаевме како навистина тој звучи. Белгискиот магазин „Maxx Moto“ на нивната youtube страна неодамна објави едно аудио за кое тврдат дека е токму Ducati V4 во акција.

Следете нè на:

 

MCN објавија многу слики од новиот Ducati V4 но се досега ние не знаевме како навистина тој звучи. Белгискиот магазин „Maxx Moto“ на нивната youtube страна неодамна објави едно аудио за кое тврдат дека е токму Ducati V4 во акција.

Ducati V4 Superbike 006

Ducati не се познати по производство на мотоцикли кои имаат лош звук па затоа не не изненадува тоа што мотоциклот звучи навистина добро.

Само за потсетување, V4 може да произведе помеѓу 205 и 210 кс и ќе има две верзии. Една, со поголем капацитет и направена само за улично возење и еден хомологациски, специјален модел кој е наменет за Британскиот или Светскиот супербајк шампионат. Засега се уште не е познато кога ќе се најде во продажба но Ducati обично своите најнови модели ги претставува за време на мото шоуто во Милано кое се оддржува од 7ми до 12ти ноември, а на кое ќе присуствуваме.

Би можело да ве интересира

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Алваро Баутиста детално откри како во текот на зимата се прилагодува на мотоциклот на Ducati со кој во сезоната 2019 ќе се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат. Баутиста го имаше своето деби со Aruba.it Ducati во текот на дво-дневниот тест на патеката во Херез и за прв пат го испроба новиот Ducati V4 R Superbike.

Првите луѓе на Светскиот Супербајк шампионат ги потврдија драстичните промени на структурата на серијата кои ќе започнат од 2019 година.

Алекс Ринс, Јоан Мир и Силвиан Гинтоли го искористија последиот MotoGP тест за да го намалат бројот на нови елементи кои ќе бидат дел од GSX-RR со кој ќе настапуваат следната сезона.

„На Дани Педроса ќе му треба дополнителен простор за багаж на патот назад од Јапонија“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.