Во недела ќе се вози до Козјак. Местото на собирање е бензиската на МакОил во лисиче (во близина на Хемиско), а заради планираните активности (скариче, ова-она..) времето е поместено за половина час порано. Значи собирање во 10.00, а поаѓање најдоцна во 10.30. Поканата е отворена за сите членови на клубови, free возачи, сувозачици, возачици и останати...
На денешното возење до Велес се собраа помалку моторџии од вообичаеното, но сепак тоа не беше пречка да си поминеме одлично. Во Велес се запознавме со дечките од МК "Воини на сонцето", за кои наскоро ќе има претставување на сајтов. Галеријата со дел од сликите веќе е поставена на "повеќе", а останатите ќе бидат додадени откако ќе ги добиеме.
Наместо возење до Козјак се случи возење до Куманово. Јавно извинување заради направената промена во планот, и во иднина ќе се закажува само место и време на собирање па потоа ќе се одлучува каде ќе се оди. Во секој случај имаше одлично возење и дружење и покрај тоа што времето повторно не беше баш на наша страна. Додадени се и дел од сликите од вчерашното возење (кликнете на повеќе), а сите кои имаат фотки можат да ги испратат на
Kawasaki Z750 претставува комбинација од мотор произведен за сериозно улично возење со нов агресивен стајлинг. Специјално направен за возење со врвни перформанси, како претставник на модерен street-fighter, Кавасаки склопи брак помеѓу перформасите на моторот и на шасијата...
МотоГучи го претстави својот модел Breva 1200 Sport, или како што е опишан "италијански спортист за традиционалисти". Накратко се работи за мотор во кој ќе се вљубат традиционалистите кои ја преферираат црвено, зелено и белата комбинација наспроти црвено, бело и сината...
Априлија потпомогната од новиот сопственик (Пјаџо н.з.) ја проширува палетата на модели, пa најновиот SL750 Shiver доаѓа во нејкед верзија и е одличен градски модел со 750цц. Со својот V-twin мотор Shiver ветува 95 коњски сили при 9000 вртежи во минута, што гарантира задоволувачко забрзување на моторот при излез од кривините...