Убави инфорамции доаѓаат од CFMOTO Македонија. На 25.09, сабота, со почеток во 09.00ч. во Скопје тие организираат тест возење на сите модели кои се достапни во продажниот салон.
Во неколку видеа изминативе денови Kawasaki најавува претставување на нов мотор на 29 овој месец. Да, сите индикатори укажуваат на Z650, но ако се суди по последниот тизер, тогаш дефинитвно и овој Kawasaki ќе има ретро изглед.
Пред неколку дена на различни медиуми се појавија неофицијални фотографии од новиот Moto Guzzi V100. На нив се приметуваше ретро изгледот, но италијанците не чекаа долго за да ја потврдат и официјално веста.
Royal Enfield, еден од најстарите и наголемите производители на мотори со долга и богата историја, никако не успева да се откачи од своето минато, и тоа е добро, затоа што нивното минато вреди да се обнови и рекреира.
Мотоциклистите редовно ја докажуваат и покажуваат својата солидарност. Така е и со последните вонредни ситуации со пожарите кои се сериозна опаснот на целата територија на државата.