Ако мислевте дека Aprilia ќе седи тивко додека Ducati го краде вниманието во хипербајк светот, размислете повторно. Фирмата од Ноале извади свое парче лудило – Aprilia X 250TH – и е исто толку ненормална колку што звучи.
Карбон-керамички сопирачки, карбонска рамка и карбонска каросерија, карбонска задна вилушка, 247 коњски сили, ограничено производство и прослава на 100‑годишнината на брендот – Ducati Superleggera V4 Centenario е најекстремниот легален Ducati што некогаш бил направен.
Бугарија конечно ја доби својата прва FIA‑хомологирана патека - A1 Motor Park во Самоков. Со официјалното отворање, земјата направи историски чекор напред и ги постави темелите за посериозен развој на автомобилизмот и мотоциклизмот во југоисточна Европа. Според FIA, ова е значаен момент не само за Бугарија, туку и за целиот регион, бидејќи станува збор за првата ваква тркачка инфраструктура во земјата, создадена со јасна визија да стане центар на балканскиот моторспорт.
Би било одлично кога и кај нас првото саботно утро во мај би се наполниле улиците со звукот на мотори управувани од жени, нели? Тогаш сигурно ќе знаеме дека пристигна International Female Ride Day® (IFRD) – глобалниот ден кога жените возачи се здружуваат со една единствена, силна порака: „Жените возат, и тоа гласно и видливо.“
Ерцберг е мит. Планина што ги крши мечтите на многумина, но истовремено ги претвора најхрабрите во легенди. Во 2026 година KTM реши да ја подигне возбудата на ново ниво и да им овозможи на вистинските авантуристи шанса да застанат внатре во срцето на најжестокото хард-ендуро шоу во светот – Red Bull Erzbergrodeo.