Одличната трка помеѓу Хорхе Лоренцо и Дани Педроза ја одбележа 12 рунда во МотоГП шампионатот. Борбата за првата позиција траeше од првиот до последниот круг, а Хорхе Лоренцо ја имaше предноста се до 10 круга пред кrајот кога Педроза успеа да го помине.
На денешната прес конференција пред квалификациите за трката на Брно, Кал Крачлоу ги прекина шпекулациите за неговата иднина. Британецот и следната година ќе го гледаме во Јамаха Теч3 тимот, каде клубски колега ќе му биде сонародникот Бредли Шмит.