Ники Хејден изјави дека почетникот во тимот на Хонда, Марк Маркез, веќе од првата трка во МотоГП шампионатот ќе го покаже целиот свој потенцијал.
Ники Хејден изјави дека почетникот во тимот на Хонда, Марк Маркез, веќе од првата трка во МотоГП шампионатот ќе го покаже целиот свој потенцијал.
Маркез ќе го замени пензионираниот двоен МотоГП шампион во тимот на Хонда, Кејси Стонер. Од првото тестирање на Маркез за Хонда почнаа да пристигнуваат пофални зборови за младиот и талентиран возач, а последниот коментар доаѓа од Ники Хејден.
Според Хејден и Дани Педроза ќе атакува на титулата од првата трка, а според него, доколку шпанецот продолжи со формата во која беше кон крајот на минатиот шампионат, Хорхе Лорнецо ќе има навистина тешка работа да ја задржи титулата.