Дани Педроса дојде до петтата победа во МотоГП шампионатот на патеката Мотеги за ГН на Јапонија. Хорхе Лоренцо со освоеното второ место во Јапонија остана на водечката позиција во генералниот пласман но предноста пред шпанецот се намали на 28 бода на три трки до крајот на шампионатот.
Патеката Мотеги викендов ќе биде домаќин на МотоГП трката за ГН на Јапонија. Со оглед на временска разлика утринава веќе се возеа петочните тренинзи, од кои на првиот најдобро време постави Хорхе Лоренцо, а на вториот најдобро време забележа Дани Педроса.
Денешните два тренинзи на Арагон беа одбележани од лошите услови на патеката. Првиот тренинг беше одложен заради масло на патеката, па повеќето од возачите одлучија да останат во боксовите. Вториот тренинг го одбележа целосно мократа патека но овојпат барем сите возачи се појавија на патеката.