По двата одржани слободни тренинзи на патеката „Circuit of the Americas“ во Тексас (САД) Дукати и Хонда се најдоа на врвот на провизорните листи, а времињата на првите 7 се со разлика помала од 1 секунда. Дукати не запира но Хонда го возвраќа ударот преку Маркез, а Роси и Лоренцо повторно ќе се обидат да се замешаат во предниот дел од колоната, па сигурни сме дека во недела не очекува возбулива трка.
Христијан Илиоски - Кико, нашиот најдобар кросист во класата МХ1 викендов го започнува походот на Источно Европскиот шампионат во мотокрос на патеката Јаница во Грција. Кико повторно се соочува со проблемите од минатата сезона, финансиите се главна пречка за успешно претставување на Македонија во овој шампионат, но дополнителен проблем сега е и потрошеноста на опремата со која тој треба да го одбрани вице-шампионското место, но и да атакува на шампионската позиција.