Претстојниов викенд на патеката „Моторпарк Романиа“ во Романија нашите возачи ќе настапат на втората рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.
На претстојната Гранд При трка во САД овој викенд Кени Робертс Јуниор ќе им се приклучи на неговиот татко, Кени Робертс, како и на Американците Еди Лосон, Вејн Рејни, Кевин Шванц и Ники Хејдн и ќе стане официјална MotoGP легенда.
Екипата на GMT94 Yamaha составена од Давид Чека, Николо Канепа и Микаел Ди Мељио постигна победа по 24 часа тркање на легендарната Ле Ман. После извозени 860 кругови на Француската патека, тие успеаа да завршат пред вториот тим на Yamaha, YART.