Марк Маркез вели дека главен фактор за успех на втората трка од MotoGP шампионатот која ќе се оддржи овој викенд во Аргентина е издржливоста на гумите. Откако не успеа да се најде на подиумот после првата трка од шампионатот, Маркез сега има за цел да се вмеша во борбата за првото место.
На првата трка од Балканскиот ендуро шампионат, кој викендов се одржа во Себис Романија, велешанецот Драган Ванов, член на МК Мото Велес го освои петтото место во Е1 јуниор класата и 27-то во севкупна конкуренција. Со ова тој освои 11 бода по настапот во Романија.