„Викендот во Каталуња, вклучувајќи го и тестот беше навистина големо искуство за мене. Сакам да го искористам знаењето кое го стекнав за да остварам што е можно подобар резултат“ – Јохан Зарко.
„Викендот во Каталуња, вклучувајќи го и тестот беше навистина големо искуство за мене. Сакам да го искористам знаењето кое го стекнав за да остварам што е можно подобар резултат“ – Јохан Зарко.
Дебитантот во MotoGP, Јохан Зарко, има за цел повторно да се искачи на подиумот на трката во Асен која ќе се вози овој викенд.
Возачот на Monster Tech 3 Yamaha, кој го освои второто место на трката која се возеше во Ле Ман, Франција, импресионираше во досегашниот дел од сезоната и во моментов се наоѓа на шестото место на табелата со заостанување од осум поени зад возачот на фабричкиот тим на Yamaha, Валентино Роси.
„Асен е навистина импресивна патека, но времето може да ги искомпликува работите бидејќи многу често знае да врне. Сепак, знам дека тимот и јас ќе се адаптираме на ситуацијата најдобро што можеме.“
„Викендот во Каталуња, вклучувајќи го и тестот беше навистина големо искуство за мене. Сакам да го искористам знаењето кое го стекнав за да остварам што е можно подобар резултат. Можам да го искористам ова знаење за да бидам подобар за време на квалификациите, а со тоа и да си ги зголемам шансите за место на подиумот.“
„Ова е мојата цел и навистина чекам да се вратам повторно на мотоциклот. Морам да признаам дека е чувството е прекрасно секој пат кога ќе се качам на Yamaha YZR-M1. “