Не можете да зборувате за Врвот на Африка без да го спомнете Алфи Кокс. Овој легендарен ендуро возач има победено 9 пати на оваа трка. Но сега ја промени улогата и ги поддржува луѓето кои се обидуваат да го освојат „The Roof“.
Алфи, како оваа година го поддржуваш „The Roof of Africa“?
„Во изминативе десетина години пречекав дваесетина возачи од целиот свет и им помогнав да се справат со ридовите во Лесото. Во суштина, тоа значи дека го подготвувам КТМ мотоциклот за нив, без разлика дали станува збор за 250 или 300 дво-тактен мотор. Една недела пред почетокот на трката ќе ги однесам на ридовите за подобро да се запознаат со нивниот нов мотоцикл и да видат што ги очекува“.
Дали ги поддржуваш за време на настанот?
„Да, за време на трката присутен е целиот Alfie Cox Motul KTM тим. Тие им помагаат на возачите за се што им треба“.
Кој ти се придружува на овие настани? Дали се искусни возачи или некои други лица?
„Ниту еден од возачите кои дојдоа оваа година досега не учествувале на настанот. Некои од нив имаат друго искуство поврзано со трките но има и возачи кои имаат помало искуство“.
Каков совет можеш да им дадеш да возачите кои за прв пат учествуваат?
„Прво нешто што се обидувам да постигнам е да ги направам да бидат помалку нервозни кога за прв пат ќе пристигнат. Се обидувам да им објаснам дека навистина можат да стигнат до целта. Второ, им кажувам да не трошат премногу време на секоја пречка. Поминете ја најбргу што можете а потоа одморете се. Трката има временско ограничување и ако го надминете тогаш таа завршува за вас. Затоа сакам да им објаснам дека не треба залудно да го трошат времето. Секогаш им велам дека треба да почнат со бронзената насока и ако успешно ја поминат барем ќе добијат некаква награда и ќе вратат дел од средствата кои ги вложиле. Откако ќе ја надминат оваа пречка, потоа можат да преминат на сребрената. Секогаш ги советувам да не се обидуваат веднаш да се борат за златната награда освен ако не се искусни возачи кои се постојано дел од вакви трки“.
Имаш девет победи на овој настан. Кој е твојот омилен дел и кој е твојот најголем предизвик?
„Мислам дека самиот предизвик ми е најомилен дел од оваа трка. “The Roof” е навистина екстремен и има голем број на препреки кои треба да се надминат. За време на една трка би можело да имате дожд, силен ветер и сонце. Затоа постојано се враќам на оваа трка. Сакав да ја освојам планината и врвот на Африка“.
Како можат возачите да се подготват за овој настан?
За мене како и за останатите возачи кои доаѓаат од Јужна Америка тоа не е нешто посебно. Тука немаме вистинска зима и можеме да возиме 11 месеци во годината. Главната работа кај оваа трка се големиот број на разновидни предизвици. Има брзи делови и делови каде е потребна добра техника. Површината е различна и затоа е потребно искуство од возење на различни површини. Главната разлика помеѓу локалните возачи и останатите, особено оние кои доаѓаат од Европа, е дека ние тука сме навикнати на брзо возење во пустина додека пак Европските возачи се повеќе навикнати на екстремни настани и трки. Затоа на нив им треба малку повеќе време да се навикнат и на почеток им е страв да возат побрзо.
Би можело да ве интересира
Како што забележавме на претходната трка во Британија, на тројцата најбрзи им се приклучува и Redding.
Кон крајот на минатиот месец ја имавме честа и задоволството да бидеме дел од првото европско демо возење организирано за медиумите од страна на CFMOTO Франција.
Победи во сите 3 трки во Donington Park како најава за враќање на Турчинот во одбрана на титулата.
Сите знаеме колку жртви се потребни за постигнување спортски успеси на врвно ниво, но возачите во MotoGP едноставно одат неколку чекори подалеку.
Не баш секој ден на тајмлајн ти поминуваат слики од некој што рачно изработува кациги, особено не тука во Скопје, Македонија.
Без паника, ова е почеток на едно ново поглавје за култната фабрика од Болоња, но не е и збогум за гласните V2-ки и V4-ки.