MotoGP

Жоан Мир: Трката во Австрија беше клучниот момент

Новиот MotoGP шампион зборува за моментите кои направиле разлика минатата сезона.

Следете нè на:

 

Новиот MotoGP шампион зборува за моментите кои направиле разлика минатата сезона.

Четвртата трка од сезоната 2020, во Австрија, беше пресвртниот момент кој ги постави Жоан Мир и Suzuki на патот кон освојување на титулата. Од можни 75 поени Мир имаше само 11 во пресрет на трката. Две од првите три трки не успеа да ги заврши и се наоѓаше на четиринаесетото место на табелата.

Но местото на подиумот кое го освои во Австрија му ја даде потребната доза на самодоверба.

„Чудно е кога ќе си помислите, но после првите неколку трки од сезоната бев далеку зад најдобрите возачи. А сега ја славиме титулата. Сезоната беше многу изедначена.“

„Трката во Австрија беше пресвртниот момент. Самиот си наметнав голем притисок да дојдам до место на подиумот и кога конечно се случи тоа, имаше големо олеснување. Целиот притисок одеднаш го снема.“

„Докажав дека можам да се натпреварувам со најдобрите и тоа ме направи многу порелаксиран кога сум на мотоциклот. Ако ме прашате кој е клучниот момент кој ме донесе до овој успех ќе ви кажам:  Секогаш си поставувам одредена цел. Штом ќе ја достигнам тогаш желбата за успех станува се поголема и едноставно не можам да се заситам се додека не ја остварам следната цел.“

 DSC4024 copy copy

Местото на подиумот во Австрија беше првиот од седумте кои седуваа до крајот на сезоната, вклучувајќи ја тука и победата во Валенсија. Конзистентноста беше главниот дел и на една трка до крајот на шампионатот стигна до титулата.

Минатата година за него не беше успешна. Мир освои поени на само една од првите пет трки. Потоа, за време на тестот во Брно доживеа тешка повреда на градите. Иако пропушти само две трки, сепак чуствуваше болки се до трката во Малезија.

„Друга причина поради која се уште не сум свесен за овој успех се проблемите со кои се соочив. Кога си помислувам на инцидентот во Брно, веднаш ми се враќа истото непријатно чуство. Падот и повредата беа сериозни но и рехабилитацијата беше долга и напорна.“

Најдбар резултат минатата сезона му беше петото место и заврши во сенка на дебитантот Фабио Куартараро, кој стигна до седум места на подиумот и ја освои наградата за дебитант на годината.

Иако Куартараро победи на првите две трки оваа година, Мир заврши како шампион. Возачот на Suzuki го презеде водството на табелата по завршувањето на единаесетата трка и успеа до крај да ја сочува предноста.

„Навистина е неверојатно кога ќе го видам моето име меѓу сите оние познати возачи кои биле дел од историјата на Suzuki. Горд сум поради тоа“, вели Мир. „Сите кои сега сме дел од Team Suzuki Ecstar влеговме во историјата. Екипа на која никој не и даваше шанси за титулата но на крајот успеавме.“

 DSC3519 copy copy copy

Мир откри и една од тајните на GSX-RR. Подолгото растојание меѓу оските на мотоциклот му обезбеди и поголема стабилност во брзите свиоци.

„Се уште се сеќавам на првото искуство со GSX-RR. Брзината беше импресивна но сопирањето беше нешто сосема поинакво. Моќта на сопирачките навистина ме изненади “, вели 23 годишниот возач.

„Мотоциклот е долг, многу подолг отколку стандардната верзија. Тоа дава подобра стабилност во брзите свиоци. Оваа година успеавме да најдеме и добра тракција и тоа многу ни помогна.“

„GSX-RR  е навистина компетитвен и балансиран мотоцикл. Благодарение на ова успеавме да ја освоиме титулата. Тој е лесен за прилагодување на различни патеки и услови.  Во ваква чудна година, конзистентноста е клучот за успехот.“

Растојанието меѓу оските кај GSX-RR изнесува 1457 милиметри. Во споредба, кај GSX-R1000 Superbike тоа изнесува 1420 милиметри.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Шесткратниот MotoGP шампион Марк Маркез ја заврши евалуацијата после операцијата која му беше направена во декември.

Возачот почина за време на транспортот од Џеда до Франција.

КТМ и формално потврди дека ќе биде дел од MotoGP уште пет години а до крајот на сезоната 2026 на патеката се очекува да има четири RC16 машини.

2021 Sepang MotoGP Shakedown е префрлен во Катар.

2021 Sepang Shakedown и официјалниот MotoGP тест се откажани.

2021 Kawasaki Ninja 400 пристигнува во две верзии, со и без ABS.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.