MotoGP

Започнува сезоната во МотоГП шампионатот

thumb_stoner-losail-2012Со денешниот прв тренинг на патеката Лосаил во Катар започнува новата ера во МотоГП шампионатот со мотоцикли од 1000цц..

Следете нè на:

 

stoner-losail-2012

Со денешниот прв тренинг на патеката Лосаил во Катар започнува новата ера во МотоГП шампионатот со мотоцикли од 1000цц. Заради уникатниот карактер на Лосаил случувањата се распоредени во текот на четири дена, денешниот прв тренинг, два тренинзи во петок, квалификации во сабота и трка во недела.

На денешниот прв тренинг Кејси Стонер постави најдобро време од 1.56.474, безмалку две десетинки подобро од она на Хорхе Лоренцо, а Ники Хејден беше изненадувањето на тренингот со третата позиција. Најбрзиот круг забележан на Лосаил изнесува 1m 53.927s и го постави Хорхе Лоренцо во 2008-ма.

На првиот тренинг беа забележани следните времиња:

1. Casey Stoner AUS Repsol Honda (RC213V) 1m 56.474s
2. Jorge Lorenzo ESP Yamaha Factory Racing (YZR-M1) 1m 56.648s
3. Nicky Hayden USA Ducati Team (GP12) 1m 56.924s
4. Ben Spies USA Yamaha Factory Racing (YZR-M1) 1m 56.982s
5. Dani Pedrosa ESP Repsol Honda (RC213V) 1m 57.130s
6. Cal Crutchlow GBR Monster Yamaha Tech3 (YZR-M1) 1m 57.395s
7. Alvaro Bautista ESP San Carlo Honda Gresini (RC213V) 1m 57.512s
8. Andrea Dovizioso ITA Monster Yamaha Tech3 (YZR-M1) 1m 57.547s
9. Hector Barbera ESP Pramac Racing (GP12) 1m 57.912s
10. Valentino Rossi ITA Ducati Team (GP12) 1m 57.914s
11. Karel Abraham CZE Cardion AB Motoracing (GP12) 1m 57.971s
12. Stefan Bradl GER LCR Honda MotoGP (RC213V) 1m 58.934s
13. Randy de Puniet FRA Power Electronics Aspar (ART CRT) 1m 59.985s
14. Colin Edwards USA NGM Forward Racing (Suter-BMW CRT) 2m 0.044s
15. Michele Pirro ITA San Carlo Honda Gresini (FTR-Honda CRT) 2m 0.322s
16. Aleix Espargaro ESP Power Electronics Aspar (ART CRT) 2m 0.720s
17. Ivan Silva ESP Avintia Blusens (FTR-Kawasaki CRT) 2m 1.138s
18. Mattia Pasini ITA Speed Master (ART CRT) 2m 1.261s
19. Yonny Hernandez COL Avintia Blusens (FTR-Kawasaki CRT) 2m 1.276s
20. Danilo Petrucci ITA Came IodaRacing (Ioda-Aprilia CRT) 2m 2.487s
21. James Ellison GBR Paul Bird Motorsport (ART CRT) 2m 3.657s

Квалификациите започнуваат во сабота во 18:55, а првата трка во сезоната започнува во недела, во 21.00 по наше време.

Би можело да ве интересира

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Алваро Баутиста детално откри како во текот на зимата се прилагодува на мотоциклот на Ducati со кој во сезоната 2019 ќе се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат. Баутиста го имаше своето деби со Aruba.it Ducati во текот на дво-дневниот тест на патеката во Херез и за прв пат го испроба новиот Ducati V4 R Superbike.

Првите луѓе на Светскиот Супербајк шампионат ги потврдија драстичните промени на структурата на серијата кои ќе започнат од 2019 година.

Алекс Ринс, Јоан Мир и Силвиан Гинтоли го искористија последиот MotoGP тест за да го намалат бројот на нови елементи кои ќе бидат дел од GSX-RR со кој ќе настапуваат следната сезона.

„На Дани Педроса ќе му треба дополнителен простор за багаж на патот назад од Јапонија“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.