Португалскиот премиер соопшти дека нема да има публика на последната трка од MotoGP сезоната која се вози во Портимао.

Добрата вест, барем засега, е дека трката ќе се оддржи според панираното. Но идејата таа да се вози пред публика е променета од страна на премиерот на Португалија.

Како и многу други земји, Португалија се соочува со голем број на заболени. Сепак, се чини она што направи најголема разлика е немањето на социјална дистанца меѓу публиката на трките од Формула 1 серијата во последниот месец.

„Она што се случи на Формула 1 трките е неприфатливо и не смееме да дозволиме тоа повторно да се случи“, изјави за Ројтерс премиерот на Португалија, Антонио Коста.

„Веќе им кажавме на организаторите дека трката ќе се оддржи без фанови поради неможноста да организираме настан од толкави размери со публика.“

portimao txt 02 11 2020

Со тоа, Португалската Гран При трка, како и повеќето од трките оваа сезона, ќе се оддржи без навивачите.

И покрај строгите рестрикции во однос на движењето, првите луѓе на серијата веруваат дека ќе успеат да го комплетираат календарот. Следните две трки (6-8 и 13-15) ќе се оддржат во Валенсија а потоа следува трката во Портимао.

Но со оглeд на разликата од 25 бода меѓу првите четири возачи, Јоан Мир, Фабио Куартараро, Маверик Вињалес и Франко Морбидели, откажувањето и на само една трка би можело да има големо влијание врз титулата.

Back To Top