„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

И покрај добрите резултати кои ги постигна тимот на последните неколку трки, Yamaha планира да изврши неколку промени на својот MotoGP проект. Се очекува тимот во иднина да има повеќе инжинери како и да го смени пристапот на кој ги решават проблемите.

Барем вака најави директорот на тимот, Лин Џарвис, кој вели дека екипата сѐ уште не го достигнала посакуваното ниво и покрај тоа што ја прекинаа низата од 25 трки без победа.

Во интервју за Crash.net, Џарвис вели дека менаџментот на тимот веќе одлучил какви потези да превземе за 2019 година. Сепак тој не сакаше да открие ништо повеќе од тоа.

valentino rossi misano 18a

„Одржавме голем број на средби и состаноци со цел да го откриеме вистинскиот правец,“ изјави Џарвис. „Сепак, далеку сме до финално решение. Има уште многу работа што треба да завршиме за да бидеме подготвени за следната сезона.“

„Но во секој случај, последната победа која ја постигнавме направи повторно да се чувствуваме добро. Но тоа не значи дека сите ќе се опуштат и ќе си кажеме дека мотоциклот е во ред. Токму спротивното. Затоа сме и ние тука. Тоа сакаме да го искусиме.“

Прашан во однос на какви промени се очекуваат, Џарвис изјави: „Премногу е рано да го откриеме тоа. Единствено што можам да кажам е дека промените ќе бидат низ сите различни параметри. Ќе бидеме сосема поинакви следната година. “

„Маверик ќе го промени неговиот тимски шеф. Вилко ќе премине во SIC. Тој ќе има нов човек кој ќе ги анализира неговите перформанси.“

„Ова е особено важно за Маверик бидејќи ова се двајца важни луѓе кое ќе се променат. Ќе има уште неколку други промени во нашиот тим, особено во начинот на кој ги решаваме проблемите. Но не можам да откријам ништо повеќе од ова. Ќе имаме нови но и повеќе инжинери во сите сегменти.“

Дали тие инжинери ќе дојдат внатре од тимот или од други тимови? „Ќе има и од двете места“, изјави Џарвис. „Ќе ја посетат фабриката во Јапонија. Таму ќе треба да промениме неколку работи но и да го зголемиме бројот на вработени. Во Европа, променивме дел од приоритетите како и работните задачи на дел од вработените. Но и тука дефинитивно ќе треба да го зголемиме нашиот тим.“

Многу се зборуваше и за моторот, неговата некомпатибилност со пневматиците и како ова негативно влијаеше врз Валентино Роси и Маверик Вињалес во текот на целата година. Новиот мотор чија што моќност ќе биде многу полинеарна ќе биде главното нешто кое ќе биде тестирано во Валенсија.

Во однос на моторот кој тимот го има оваа година, Џарвис вели: „Мислам дека поинаков мотор ќе беше од голема корист за нашите возачи. Мислам дека тој не е толку добар при понизок број на вртежи, прв допир, прв контакт. Тоа дефинитивно е едно од најважните работи.“

„Електрониката е исто така важна. Начинот на кој треба треба да се работи со новиот софтвер. Дефинитивно мислам дека нашите ривали се во предност бидејќи тие повеќе знаат како да работат со овој систем.“

„Тука на патеката во Валенсија ќе го тестираме новиот мотор. Ќе имаме два теста, едниот на патеката во Валенсија, а другиот во Херез. Ќе тестираме различни работи. Во Валенсија ќе почнеме со основата, а потоа ќе видиме како ќе се равиваат работите. Засега не можам да откријам повеќе детали.“

Back To Top