Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

45 годишниот возач следната сезона ќе се врати на трките и ќе биде дел од првата сезона на MotoE шампионатот. Тој ќе вози електричен мотоцикл и ќе биде дел од Pons Racing, тимот за кој настапуваше во 1995 година кога беше дел од 250cc серијата.

Жиберно, кој во сезоните 2004 и 2005 го освои второто место на табелата во MotoGP шампионатот е најновиот возач кој ќе биде дел од овој шампионат. Минатата недела истото го најавија и Ренди де Пуние, Николо Канепа и Бредли Смит.

Шпанскиот возач веќе забрзано се подготвува за настап и вели дека со нетрпение ја очекува првата трка.

„Досега ниту еднаш не помислив дека повторно ќе бидам дел од некој шампионат, но животот постојано ве изненадува,“ изјави Жиберно. „Но после 10 години без никакви натпреварувања, повторно се враќам.“

„Сакам да му се заблагодарам на Сито за оваа можност. Тој иснистираше токму јас да возам. Ќе дадам се од себе за да не го разочарам. Навистина сум среќен но во исто време и возбуден што ќе имам можност да настапам со оваа нова генерација на електрични мотоцикли.“

gibernau 2

Сито Понс исто така е задоволен што токму Жиберно ќе биде дел од неговиот тим. Уверен е дека и покрај долгото отсуство од трките, тој е подготвен за настап.

„Кога прв пат се појави новиот MotoE Светски Шампионат, веднаш знаевме дека сакаме да бидеме дел од него. Електричните мотоцикли се иднината на овој спорт и горди сме што сме дел од ова,“ изјави Понс.

„Знаевме дека треба да имаме искусен возач и не гледам подобра опција отколку Сете Жиберно за овој проект. “

„Уверен сум дека е подготвен и дека ќе даде се од себе исто како што го правеше тоа и во минатото. Неговото искуство и способност го прават да биде дел од најдобрите возачи. Навистина сум среќен што заедно ќе бидеме дел од овој нов предизвик.“

Тестирањето за првата MotoE сезона ќе се оддржи во Херез од 23-ти до 25-ти ноември. Првата трка ќе се одджи во мај на истата патека, а потоа ќе следуваат и трки во Ле Ман, Захсенринг, Шпилберг и Мизано.

Жиберно беше дел од тимот на Repsol Honda во поранешната 500cc категорија помеѓу 1998 и 2000 година. Во текот на тој период, на подимот се искачи пет пати. Помеѓу 2003 и 2005 година беше дел од Gresini тимот.

Back To Top