„Направивме неколку добри промени и потенцијално оваа трка би можела да биде многу добра за Yamaha“ – Маверик Вињалес
После добрите претсезонски подготовки, Маверик Вињалес сигурно очекуваше дека ќе има подобар пласман на табелата во пресрет на Европските трки. Но, после настаните во Катар, Аргентина и Остин, ситуацијата е поинаква.
На две од тие трки, возачот на Movistar Yamaha стартуваше од првиот ред. Но на трката во Катар тој падна на седмото место додека пак во Аргентина, за време на борбата за петото место во последниот круг, тој излета надвор од патеката. Трката во Остин ја стартуваше од шестото место но и покрај тоа набрзо се најде на единаесетата позиција.

За време на тестот кој се оддржа на патеката во Херез во ноември минатата година, Вињалес беше најдобриот возач на Yamaha со освоено трето место. Многу мала беше разликата во однос на возачите на Honda, Такааки Накагами и Марк Маркез а самиот настап преставуваше и надеж дека M1 може да биде компетитивен.
„Среќен сум што конечно почнуваат Европските трки. Во Остин, и покрај проблемите кои ги имавме задоволен сум од брзината на мотоциклот.“
„Во минатото имавме проблеми на оваа патека но направивме неколку добри промени и потенцијално оваа трка би можела да биде многу добра за Yamaha. Се надевам дека ќе се борам за место на подиумот уште од самиот старт на трката. Ќе работиме напорно за да го постигнеме тоа.“
Неговиот тимски колега, Валентино Роси во моментов се наоѓа на второто место на табелата веднаш зад Андреа Довициозо откако на последните две трки стигнува до второто место на подиумот.

Коментари