Кал Кратчлоу потврди дека е блиску до договор со Yamaha да биде нивен тест возач во сезоната 2021.

Трката која ќе се одржи следниот викенд во Портимао можно е да биде последна за Кал Кратчлоу во MotoGP серијата, откако се појавија информации дека има шанси следната сезона да стане тест возач за тимот на Yamaha.

Откако го загуби местото во LCR Honda, Англичанецот претходно изјави дека е заинтересиран за премин во Aprilia кои пак соопштија дека ќе им треба нов возач по казната која ја доби Андреа Ианоне.

Сепак, исто како и Андреа Довициозо, и Кратчлоу ја одби можноста да настапи со RS-GP.

„Искрено, во тек се напредни преговори со Yamaha и мислам дека наскоро ќе дојдеме до договор“, вели Кратчлоу.

„Се работи за многу интересен проект и мислам дека навистина ќе ми одговара. Веќе ја информирав Aprilia дека не сакам да преминам во нивниот тим.“

Кратчлоу сепак не сакаше да одговори дали му било понудено, доколку е потребно, следната сезона да го замени MotoGP шампионот Марк Маркез.

„Како што кажав претходно, разговорите со Yamaha се во финалната фаза и мислам дека ќе постигнеме договор.“

„Мислам дека ја донесов вистинската одлука. Треба да го следите срцето. Веројатно многумина не веруваа дека ќе донесам ваква одлука.“

Cal Crutchlow txt 13 11 2020

Пред неговите настапи во Honda и Ducati, Кратчлоу имаше долга соработка со Yamaha. Во 2009 година со тимот ја освои Суперспорт титулата, постигна три победи во Супербајк шампионатот а три сезони од неговата MotoGP кариера ги помина во Tech3.

Три кратниот победник на трка од MotoGP шампионатот не сакаше да одговори дали ќе побара вајлд - карта за следната сезона.

Но во секој случај, следните два викенди ќе бидат последни во неговата MotoGP кариера.

„Во исто време се чувствувам среќен но и тажен. На крајот на денот, ја сум тркач. Дојдов тука да се натпреварувам и да дадам се од себе. Секогаш верував во себе. Но, како што и самите знаете, тоа понекогаш не е доволно“, изјави Кратчлоу, единствениот Британски возач кој победил на една трка од серијата по Бери Шин.

„Ако успехот се бележи во однос на бројот на победите, тогаш за 90 проценти од возачите можеме да кажеме дека не се успешни. Поминав одлични 10 години во серијата, имав одлична кариера која ги надмина сите мои очекувања. Навистина сум среќен поради тоа.“

„Создадов одличен живот за мене и мојата фамилија. Можеби малку жалам што повеќе нема да бидам еден од возачите во серијата но сепак сум задоволен од она што го постигнав досега.“

Back To Top