MotoGP

Валенсија MotoGP: Андреа Довициозо: Ќе видиме што ќе се случи во иднина

Андреа Довициозо ја објасни причината зошто одлучи да биде слободен агент во сезоната 2021 и вели дека работи на тоа да се врати во серијата во сезоната 2022.

Следете нè на:

 

Андреа Довициозо ја објасни причината зошто одлучи да биде слободен агент во сезоната 2021 и вели дека работи на тоа да се врати во серијата во сезоната 2022.

На патеката во Валенсија, Андреа Довициозо за прв пат зборуваше со медиумите откако објави дека не планира да потпише договор со ниту еден тим во сезоната 2021.

Италијанецот, кој е еден од возачите кои се уште имаат шанси за титулата, вели дека неколку тимови му понудиле да биде нивни тест возач но не можеле да му гарантираат место во главниот тим во сезоната 2022.

„На крајот, главна причина што ги одбивав договорите беше тоа што не постоеше можност да настапам во истиот тим и во сезоната 2022“, вели Довициозо.

Наместо тоа, Довициозо вели дека шансите за враќање во MotoGP ќе му бидат поголеми доколку остане слободен агент оваа сезона.

„Немав шанса да се тркам следната година, тоа е барем јасно“, вели Довициозо. „Речиси сите тимови потпишаа договори со возачите пред стартот на сезоната. Затоа е и нормална оваа ситуација. “

„Сега размислувам за сезоната 2022, дали ќе имам можност да се вратам во серијата и да се борам за титулата. Тоа е мојата цел. “

„Знам дека е тешко ако не возите една година. Но, таква е ситуацијата во која се наоѓам. Следната година ќе биде различна. Овој пат ќе уживам во тркањето со пријателите.“

„Имам добар спонзор зад мене и тие ќе бидат тука и во иднина. Навистина сум среќен поради тоа. Ќе бидеме фокусирани и ќе работиме за да бидеме што е можно подобро подготвени.“

„Следната година нема да бидам дел од MotoGP но ќе продолжам да тренирам напорно.“

 DSC3181

И покрај тоа што нема ништо договорено, се појавија гласини дека Довициозо би можел да биде замена за Марк Маркез во случај да не се подобри ситуацијата со раката на Шпанецот.

Довициозо не сакаше да ја отфрли ваквата можност но вели дека во моментов се уште е рано да се зборува за тоа.

„Мислам дека никој не знае точно каква е ситуацијата со Марк. Покрај ова, се уште е рано да донесат таква одлука за следната сезона.“

„Таков е мотоспортот. Денеска сум слободен но не значи дека така ќе биде и во иднина. Се зависи од тоа каква ќе биде понудата.“

„Во однос на следната година, позитивно е тоа дека сме слободни. Ќе видиме што ќе се случи следно. Мислам дека е речиси невозможно да не го видиме Марк на патеката следната година.“

Довициозо, кој е поранешен возач на Honda, потврди дека тие разговарале со него околу можноста да стане нивни тест возач. Сепак, поради неможноста да му понудат место во тимот во сезоната 2022, одлучил да остане слободен.

„Во однос на Honda, пред еден месец имав преговори со нив “, вели Довициозо. „За секој предлог кој го понудија имаше различна причина зошто го одбив. Но во секој случај, среќен сум што имаше толку многу заинтересирани тимови да бидам нивни тест возач.“

„За мене беше важно да постои опција да бидам еден од возачите во тимот во сезоната 2022. Затоа одлучив да не потпишам договор со никој и да бидам слободен агент. Но, во мотоспортот се може да се случи.“

Единствено слободно место во моментов има во тимот на Aprilia. Сепак, Довициозо вели дека во моментов не му одговара нивниот проект со оглед на тоа дека тие засега се далеку од најдобрите тимови.

„Среќен сум поради интересот на Aprilia и веќе имаме разговарано неколку пати. Мислам дека тие вршат одлична работа но буџетот кој го имаат не е како оној на Honda, Yamaha или пак Ducati.“

„Веќе поминав низ таква ситуација со Ducati кога прв пат потпишав договор со нив. MotoGP е тешко натпреварување. Но само кога сте дел од овој спорт можете да го видите тоа. Тие вршат одлична работа но во моментов тоа не е она што ми треба. Токму поради таа причина донесов таква одлука.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

За време на трката во Португалија, првите три места на табелата ги освоија возачи кои настапуваат за сателитски тимови. Ова се случува прв пат по 2004 година.

Следната сезона во WSBK серијата ќе имаме поголема разновидност откако два сателитски тимови на BMW ќе се приклучат на шампионатот.

Извршена нова операција над Марк Маркез.

Почнувајќи од сезоната 2021, Suzuki ќе го добие познатиот бренд Monster Energy

Јапонската компанија работи на алтернатива на моторите со внатрешно согорување.

Оваа компјутерска фотографија е најдоброто нешто што досега го имаме видено од новиот концепт на Honda, CB1000F, кој прв пат беше најавен во март.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.