Агрегатот на Honda CBR600RR ќе биде заменет со Street Triple моторот на Triumph

Речиси и официјално, средната класа во MotoGP ќе биде снабдена со Triumph Street Triple мотори.Британскиот производител потпиша договор со Dorna Sports за да биде официјален снабдувач со мотори во Moto2. Од 2019 година, Honda повеќе нема да биде дел од оваа класа.

Како што веќе знаеме, тимовите во Moto2 имаат достапен само еден мотор. Oд 2011 година кога 250 – дво тактната класа премина во четири тактна, Honda беше единственот набдувач со мотори. Познатиот CBR600RR беше дел од сите тимови во Moto2 но бидејќи Honda се откажа од производството на овие машини поради намален интерес и нивниот договор за снабдување ќе заврши во 2018 година.

thumb 27729 default large

Правилата во Moto2 дозволуваат само еден производител на мотори и бидејќи Honda одлучи да се откаже се појави потреба од нов снабдувач. Постоеа голем број на шпекулации за тоа кој ќе биде тој производител. Единствените опции беа Kawasaki, MV Agusta и Triumph, а последниот тим беше очигледен фаворит.

Компанијата во моментов работи на развивање на поголем 750cc три цилиндричен мотор. И покрај тоа што е поголем, тој сепак е полесен од моторот на Honda, а со тоа и мотоциклите во иднина ќе бидат полесни.

Triumph ќе треба да обезбеди 200 мотори на почетокот на сезоната и ќе треба да обезбеди нови на секои три трки. Квалитетот мора да биде гарантиран, а исто така ќе мора да има и техничка поддршка за секој тим кој ќе започне со тестирање во 2018 година. 

Back To Top