MotoGP

Тест во Катар: Маркез: Направивме чекор напред

Марк Маркез признава дека бил целосно изгубен во пресрет на последниот ден од тестовите во Катар. Сепак, вели дека тимот направил чекор наред со тоа што искомбинирал нови и стари делови, вклучувајќи и еден кој бил дел од машината на Такааки Накагами.

Следете нè на:

 

Марк Маркез признава дека бил целосно изгубен во пресрет на последниот ден од тестовите во Катар. Сепак, вели дека тимот направил чекор наред со тоа што искомбинирал нови и стари делови, вклучувајќи и еден кој бил дел од машината на Такааки Накагами.

Без разлика како гледате на работите, никогаш не е добро кога еден возач на последниот ден од тестовите ќе настапи со стара машина. Но актуелниот шампион, Марк Маркез вели дека тоа се покажало како исправна одлука. Шпанецот настапи со машина која имаше стари и нови делови, а некои работи беа позајмени и од 2019 RCV со кој настапи Такааки Накагами.

Сите возачи кои настапија со машината на Honda која има спецификации за 2020-та година, имаа проблеми со предниот дел на мотоциклот.

Според дел од возачите, минатогодишниот мотоцикл бил потежок за возење во споредба со машината од 2018-та година. За најновата машина пак велат дека во некои аспекти е дури и полоша, пред се при влегување во свиоците.

„Многу сум среќен. Искрено, вчера и за време на првиот ден бев навистина загрижен. Но денеска направивме чекор напред“, вели Маркез. „Ни се разјаснија многу работи и сега се е полесно.“

„Се чини дека мотоциклот е подобар и за Кал. Мислам дека го најдовме правецот по кој треба да се движиме и тоа е најважно. Вчера бевме навистина изгубени.“

 DSC3637 copy copy copy copy copy copy

Како што објаснува возачот со број 93: „Бев загрижен поради две причини. Прво, бидејќи не бевме доволно брзи а второ бидејќи го немав истото чувство кога сум на мотоциклот.“

„Имав чуден пад во Малезија. Тука ми се случи истото и навистина не ми е јасно зошто е тоа така. Но денеска многу работи ни станаа појасни.“

„Уште еднаш ни се случува истото. На последниот ден од тестовите во Катар да го откриеме вистинскиот начин. Затоа сме малку повесели. Но се уште не чека многу работа бидејќи другите возачи имаат добра брзина.“

Се чини дека дел од проблемот лежи во најновиот дизајн на машината а Маркез вели дека во тој поглед го преферира дизајнот од 2019-та година.

„Мотоциклот е подготвен за првата трка но можеби Марк не е целосно подготвен“ , вели Маркез во однос на состојбата на неговото рамо.

Маркез беше најдобриот возач на Honda а тестот го заврши на седмата позиција. Сепак, заостануваше само 0,291 секунди зад резултатот на Маверик Вињалес.

Накагами беше осми, Кратчлоу заврши на осумнаесетата позиција (0.972с) додека пак Алекс Маркез се најде на 21-то место (1.661с).

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Како што беше очекувано, трката од МотоГП шампионатот во Херез официјално е одложена.

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите цени на горивата – кои од вечерва се намалуваат за, 3.00, 4.50, односно 5.00 денари!

Honda Rebel крузерите добија подобрувања за сезоната 2020.

Шпекулациите дека наместо предвидениот термин од 31-ви мај до 10-ти јуни трката ќе биде преместена за крајот на август се покажаа како неточни, Isle of Man TT 2020 е откажана.

Регулаторната Комисија за Енергетика значително ги намали малопродажните цени на горивата.

Заради Корона вирусот МотоГП класата никако да започне, по првичното откажување на трката во Катар следуваше и одложување на Тајланд, потоа и Америка, а денеска беше одложена и трката во Аргентина.

Реклами

Листа на мото настани

  • 12 Јуни 2020 - 14 Јуни 2020
  • 12 Другари
  • Ваташа, Кавадарци

  • 12 Јуни 2020 - 13 Јуни 2020
  • Нов Парк
  • Свети Николе

  • 19 Јуни 2020 - 21 Јуни 2020
  • Club house
  • Скопје, Водно

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.