Додека чекаме службена потврда од централата во Hamamatsu, да се потсетиме на историјата на Јапонците во мотороспортот.

Пред неколку часа на неколку страни за кои пишуваат еминентни новинари се појави вест дека Suzuki се повлекува од MotoGP! Ќе ја коментираме веста со резерва, но праксата покажала дека каде има чад таму обично гори и некој оган, или депонија по нашки. Тимот кој ја освои титулата со Joan Mir во 2020-та, односно во годината во која започна пандемијата, веројатно како последица на економските услови кои ги предизвика истата, дополнително влошени по војната во Украина, реши да се повлече од шампионатот. 

Можеби зачудува ваквата одлука, но Јапонците се познати по рациналноста и ова не им е првпат. Емоциите ги оставаат на некои други култури, за жал.

Инаку ова им е второ повлекување без најава по она во 2011-та година кога слично како и сега, економската криза си го направи своето. 

Овојпат она што навистина не “извади од шарки” е фактот што возачите Mir и Rins возат на врвно ниво, мотоциклот е можеби единствениот кој функционира солидно на сите патеки, инженерите успеаа да извадат неочекувано многу моќност од редниот четирицилендарски мотор и како јаготка на шлагот го ангажираа искусниот Livio Suppo за тимски шеф!

mir suzuki motogp

Информацијата проструи низ боксовите денес на тестирањето во Jerez, и немаше да и обрне никој внимание доколку таму и останеше. Како поминува денешниот ден, така веста за изненадното повлекување се објавува на се повеќе страници кои сериозно се занимаваат со мотоспорт.

Кога сме кај мотоспортот би ги споменале и останатите вакви повлекувања, од кои најсвежо е она на Honda во F1 кога после неколку тешки сезони без успеси, кога конечно почнаа да победуваат се повлекоа од Red Bull. Истото го направија во 2009-та, но тогаш во друштво на Toyota пред повлекувањето вложи огромни средства во F1.

42 alex rins dsc3511.gallery full top fullscreen 1 0.big

Но одлуките се носат во централите во Јапонија кои не седат во болидите, или пак висат од моторот под агол од 60 степени со 200km/h во свиок, туку планираат долгорочно и знаат како да ги сочуваат марките кои ги застапуваат.

Да се надеваме дека ќе ги отстапат моторитe на сателитски тим, како што тоа го направи своевремено и Kawasaki кога се повлече од MotoGP или ќе најдат партнер како што функционира одличниот мотор на Honda во F1 под друго име и во друга форма на соработка.

А што со возачите? Доколку навистина се потврди веста, следи вистинска треска на пазарот за возачи и промена на улогите и цената на пазарот на труд. 

Неверојанто!

Back To Top