MotoGP

Сузи Пери: Роси може да победува

„Мислам дека можеме да го видиме Роси повторно на подиумот.Тоа би било одлично бидејќи толку многу луѓе веќе го отпишаа.“- Сузи Пери

Следете нè на:

 

01suzi-perryСузи Пери зема изјава од Валентино Роси во 2009-та.

„Мислам дека можеме да го видиме Роси повторно на подиумот.Тоа би било одлично бидејќи толку многу луѓе веќе го отпишаа.“- Сузи Пери

Новата F1 презентерка на BBC, Сузи Пери смета дека Роси ја напушти Yamaha поради погрешни причини – и се надева дека сега тој ќе направи победничко враќање и ќе им докаже на сите што веќе го отпишаа.

Пери го покриваше одделот на BBC  задолжен за мото трки цели 13 години, започнувајчи со WSBK пред корпорацијата да го насочи своето внимание на MotoGP во 2003 година.

Таа се повлече на крајот на 2009 – кога Роси ја освои својата седма титула – за да се концентрира на  својата популарна телевизиска кариера.

Роси ја напушти Yamaha на крајот на 2010 година. Италијанската ѕвезда забележа само три подиуми во текот на двете проблематични години, но се врати во форма за време на пред-сезонските тестирања.

Пери исто така се врати во 2013 во мотоспорт преносите во живо на BBC - откако беше избрана да го замени Џејк Хемфри како презентер.

Зборувајќи ексклузивно за Crash.net, ентузијазмот за MotoGP кај Пери беше очигледен. „Многу сум возбудена за оваа година во MotoGP“ започна Пери. „Роси никогаш не требаше да ја напушти Yamaha. Лесно е да се каже тоа сега но мислам дека го кажаи истото и кога замина.“

„Имав интервју со него на крајот на сезоната 2009 и тоа се најде на насловните страници ширум светот, иако во Британија не го забележаа многу.Тој навистина не требаше да оди во Ducati. Почувствував дека тоа е малку поради неговото его, со оглед на тоа што се случуваше со Хорхе Лоренцо.“

„Мило ми е што го гледам назад во Yamaha. Имам чувство дека на некој начин залудно потроши две години. Мислам дека повторно ќе го видиме на подиумот оваа сезона. Тоа би било одлично бидејќи многу луѓе веќе го отпишаа. Само сакам да се врати и да им покаже два прста на тие луѓе.“

 

Би можело да ве интересира

Алваро Баутиста детално откри како во текот на зимата се прилагодува на мотоциклот на Ducati со кој во сезоната 2019 ќе се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат. Баутиста го имаше своето деби со Aruba.it Ducati во текот на дво-дневниот тест на патеката во Херез и за прв пат го испроба новиот Ducati V4 R Superbike.

Првите луѓе на Светскиот Супербајк шампионат ги потврдија драстичните промени на структурата на серијата кои ќе започнат од 2019 година.

Алекс Ринс, Јоан Мир и Силвиан Гинтоли го искористија последиот MotoGP тест за да го намалат бројот на нови елементи кои ќе бидат дел од GSX-RR со кој ќе настапуваат следната сезона.

„На Дани Педроса ќе му треба дополнителен простор за багаж на патот назад од Јапонија“

Не е необично кога одредена компанија со цел да привлече што е можно поголемо внимание, одлучува за време на некое мото шоу да претстави мотоцикл кој се базира на некој иден модел. Но R18 "Departed" кој го видовме за време на мото шоуто во Јокохама има уникатен 1800cc мотор.

„После 20 години прекинува прозиводството на големиот мотоцикл на Suzuki“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.