motori spies_copyВозачот на Јамаха МотоГП, Бен Спиз, го најави своето повлекување од тимот по крајот на сезоната. Според последните информации, тој кариерата ќе ја продолжи во Супербајк шампионатот со тимот на БМВ.

spies copy

Возачот на Јамаха МотоГП тимот, Бен Спиз, го најави своето повлекување од тимот по крајот на сезоната. Според последните информации, тој кариерата ќе ја продолжи во Супербајк шампионатот со тимот на БМВ.

Американецот кој имаше одлична сезона минатата година, за сега е само десетти во шампионатот и има најдобар пласман на четвртата позиција. Иако се очекуваше да остане во тимот покрај Хорхе Лоренцо, сепак тој со допис до SuperbikePlanet.com го најави своето повлекување пред почетокот на домашното ГП на патеката Лагуна Сека која се вози викендов.

„Одлучив да ја напуштам Јамаха по крајот на сезоната заради повеќе причини. Ќе објаснам повеќе во моментот кога ќе биде соодветно. Засега ќе кажам дека разговарав со моите спонзори и тие ме поддржуваат, а има неколку луѓе во Јамаха кои не сакам да ги напуштам, тие знаат кои се. На тимот му посакувам се најдобро. Повеќе нема да коментирам ништо, се додека не излезе официјалното соопштение од Јамаха.“ - напиша Спиз во дописот.

Шпекулациите за неговата иднина започнаа уште минатата недела кога на својот твитер профил тој напиша дека следната сезона ќе биде возбудлива и дека „ќе биде онаму каде што припаѓа“. Некои медиуми веднаш го поврзаа твитот со неговото враќање во Супербајк тимот на Сузуки, но нашите информации говорат дека Американецот ќе ја продолжи кариерата во БМВ!

Останува да го почекаме официјалниот допис од Јамаха, а потоа и одговорот од Спиз. Она што е интересно е дека сега местото во тимот на Јамаха е слободно..можеби за Роси.

Back To Top