(Време на читање: 1 - 2 минути)


Со официјално соопштение денеска Јамаха потврди дека нов шеф на тимот на Валентино Роси е Силвано Галбусера.

galbusera-melandri

Со официјално соопштение денеска Јамаха потврди дека нов шеф на тимот на Валентино Роси е Силвано Галбусера.

Почнувајќи од денеска, Силвано Галбусера ќе ги извршува должностите на местото од сега веќе отпуштениот Џереми Бурџес. 

Силвано ја започнал кариерата во 1979 година со Џилера, а следните 14 години ги поминал во развој на тркачки модели и во класата до 250цц со возачи како Алесандро Грамињи и Паоло Касоли. Во овој период има работено и на релито Парис - Дакар со Микеле Риналди. Потоа во 1994 година преминува во Кагива, а работел и со шампионот во класата до 500цц, Џон Коцински.

Од тогаш тој е член на Јамаха тимот се до 2011 година, во Јамаха има работено како тимски шеф и технички директор во Супербајк шампионатот. Неговот име се појавува во Суперспорт и Супербајк во тимовите на Трој Корсер, Норијуки Хага, Кал Крачлоу и Бен Спиз. Изминатите две години тој работеше со Марко Меландри во Супербајк шампионатот.

Би сакал да им се заблагодарам на Јамаха и Валентино за можноста да работам со шампион од овој калибар. Среќен сум што се враќам во тимот на Јамаха, задоволство е да се работи со толку успешен тим кој е постојано на врвот - изјави Галбусера
Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: