MotoGP

Што навистина мисли Лоренцо за новиот Ducati после првото возење?

Хорхе Лоренцо изненади многумина со лесното прилагодување на новиот мотоцикл, но што навистина мисли тој за Desmosedici GP?

Следете нè на:

 

Очекувањата од дебито на Хорхе Лоренцо со Desmosedici GP на првиот претсезонски тест кој се оддржа во Валенсија беа огромни. Како и поголем дел од случаите кога возачите преминуваат од еден во друг тим, така и договорот кој Лоренцо го има со Yamaha го спречува јавно да ги каже своите први импресии од Desmosedici 2017.

motogp what does lorenzo think ducati first ride

Лоренцо го заврши првиот тест, единствениот дозволен во 2016 година, на 8-то место со разлика  од 0.769 во однос на најбрзиот возач Маверик Вињалес кој настапи на неговиот поранешен мотоцикл, Yamaha M1. Само неколку дена претходно, на истиот мотоцикл, Лоренцо ја освои пол позицијата со време од 1:29.401. На новиот мотоцикл тој постигна време од 1:30.744. Што можеме да заклучиме од првата средба меѓу Лоренцо и новиот мотоцикл. Дали настапот беше добар или не?

Она што можеме да го кажеме е дека работите, повеќе или помалку, функционираа логично. Грешат сите оние кои очекуваа одличен настап на Лоренцо на неговото прво возење со новиот мотоцикл. Не можете да очекувате да се случат чуда откако ќе се префрлите од мотоцикл кој сте го возеле осум години на мотоцикл кој е еден од најтешките во MotoGP. Сетете се само дека  Валентино Роси заврши на последното место во 2010 година на својот прв настап со Ducati, и тоа со истиот мотоцикл со кој Кејси Стонер ја освои пол позицијата само три дена претходно.

Она што можеме да го заклучиме досега е следново:

  1. Лоренцо е импресиониран од ефикасноста на електрониката. Смета дека заедничкиот софтвер функционира многу подобро на Ducati отколку кај
  2. Стабилноста при сопирање, една од најдобрите страни кај Ducati, е уште еден дел од кој беше задоволен Лоренцо.
  3. Но од другата страна, тој се соочи и со проблемите кои ги има Ducati при влегување во свиоци. И покрај подобрувањата, Јанон и Довициозо во текот на целата сезона се жалеа на овој проблем. Откако неколкупати се обиде да го подобри резултатот, Лоренцо конечно се откажа и му кажа на Џиџи Далиња: „Не Џиџи, со овој мотоцикл невозможно е да постигнам време од 1:29. “ Оваа порака доволно кажува.

Решавањето на овој проблем е главен приоритет на Ducati во текот на зимската пауза. Но, ова не е нешто што Далиња не го знаеше.

Но она што Лоренцо го прави различно од останатите возачи е моментот кога забрзува. Додека другите возачи се уште се фокусираат на предниот дел при влегувањето во свиок, Лоренцо веќе го има започнато забрзувањето.

За да функционира неговиот стил на возење, на Лоренцо му се потребни две работи. Задна гума која му дава самодоверба кога ќе притисне на гаста при максимално навалување и мотоцикл кој ќе ги следи неговите линии. Во однос на првиот дел, Лоренцо комплетно зависи од видот на гумата што Michelin ќе ја произведе, а за вториот дел му е потребен мотор кој нема да ја наруши стабилноста. 

Би можело да ве интересира

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Алваро Баутиста детално откри како во текот на зимата се прилагодува на мотоциклот на Ducati со кој во сезоната 2019 ќе се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат. Баутиста го имаше своето деби со Aruba.it Ducati во текот на дво-дневниот тест на патеката во Херез и за прв пат го испроба новиот Ducati V4 R Superbike.

Првите луѓе на Светскиот Супербајк шампионат ги потврдија драстичните промени на структурата на серијата кои ќе започнат од 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.