После три успешни тест денови во Катар, Алекс Ринс смета дека Suzuki направиле се што е во нивна можност за да се осигураат дека ќе имаат успешен старт на новата MotoGP сезона.
Алекс Ринс по завршувањето на три дневниот тест во Катар, храбро изјави дека 2019 Suzuki GSX-RR нема негативни страни. Тимот продолжи со успешните тестови, кои би можеле да се наречат и најуспешни за тимот по нивното враќање во серијата во 2015 година, а Ринс покажа огромна конзистентност на тестовите кои се оддржаа во Сепанг и Катар.
Шпанецот беше во добра форма во Катар. На првиот ден заврши на втората позиција, на вториот ден беше прв и имаше темпо кое беше изедначено со она на Маверик Вињалес и Марк Маркез.
Падот кој го имаше во понеделникот ги смени плановите за да биде дел од тркачката симулација. Сепак, Ринс вели дека не е разочаран. „Подготвени сме“ , изјави Ринс. „Завршивме одлична работа на овие тестови. Испробавме се што ни донесе Suzuki. Имаше многу добри делови.“
„Планиравме тркачка симулација но после падот механичарите потрошија речиси еден час на поправка. Но она што е важно е дека после падот се вратив повторно на патеката и постигнав време од 1'54.9 што е навистина добро.“

Откако помина вкупно десет дена тестирајќи го новиот мотоцикл, Ринс вели дека имал можност да испроба голем број на нови делови, меѓу кој моторот, шасијата, издувот и аеродинамиката. На прашањето дали има некои работи кои би можеле да се подобрат во пресрет на стартот на шампионатот, Ринс вели: „Во моментов не. Испробавме многу работи и мислам дека имаме добар сетап. Но секако, кога ќе се оддржи трката ќе биде поинаку и ќе има повеќе ветар и песок на патеката.“
Кои се позитивните а кои негативните делови на 19 GSX-RR? „Позитивно е тоа што мислам дека имаме добра основа. Мислам дека во моментов немаме негативни страни.“
23 годишниот возач воопшто не беше загрижен поради ривалите.„Мислам дека се брзи. Имаа добро време но сигурен сум дека на трката во Катар, сите ќе бидат брзи.“

Коментари