(Време на читање: 1 - 2 минути)


Тимот на Repsol Honda од 2017 година ќе започне да ги користи издувите од SC-Project наместо досегашните од Termignoni откако потпишаа технички договор со Италијанската компанија.

Тимот на Repsol Honda од 2017 година ќе започне да ги користи издувите од SC-Project наместо досегашните од Termignoni откако потпишаа технички договор со Италијанската компанија.

SC-Project веќе е поврзан со HRC откако во 2016 година работеа на сателитскиот тим Marc VDS, а исто така минатата сезона го освоија светскиот шампионат со Јонатан Зарко и Ajo Motorsport Moto2 тимот.

sc project auspuff honda cbr1000rr auspuff scproject konic auspuff

Новиот директор на HRC, Тецухиро Кувата, вели дека нивното искуство и досегашна работа биле пресудни за да се склучи договор за партнерство.

„Му посакуваме добредојде на SC-Project како официјален спонзор на издувниот систем на нашиот тим. Тие имаат големо искуство и сигурни сме дека овој сојуз ќе ни обезбеди голем успех.“

Шефовите на SC-Project велат дека се подготвени за предизвикот што ги очекува.

„За нас претставува чест и задоволство што станавме технички спонзор на најважниот тим во MotoGP, Repsol Honda. Во моментов, SC-Project  е еден од лидерите кај издувните системи чијашто високо квалитетна технологија е развиена преку настапите во MotoGP, Moto2, Moto3, SBK и сигурни сме дека соработката со HRC ќе допринесе уште повеќе да се развие нашиот бренд и нашата технологија.“

„По успехот што го постигнавме во 2015 и 2016 година, горди сме што ќе бидеме партнери на Repsol Honda во борбата за титулата во светскиот шампионат заедно со Марк Маркез и Дани Педроса.“

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: