MotoGP

Разочараниот и повреден Роси се подготвува за сезоната 2018

Откако повторно излета на мократа патека во Јапонија, Роси призна дека мотоциклот има сериозен проблем кога настапува на влажни услови и дека мора да почнат да се подготвуваат за следната година.

Следете нè на:

 

Разочараниот Валентино Роси призна дека неговата како и целта на Movistar Yamaha до крајот на сезонава ќе биде подготовка на тимот за следната година, откако имаа уште еден разочарувачки викенд во Мотеги.

Откако повторно излета на мократа патека во Јапонија, Роси призна дека мотоциклот има сериозен проблем кога настапува на влажни услови и дека мора да почнат да се подготвуваат за следната година.

3001 15 2016 jpn mgp race vn yamahadisaster.middle

„Денеска беше крајот на еден многу тежок викенд. На мокри услови не сум многу компетитивен и имав сериозни проблеми со сетинзите. Се обидував да го следам Алеш Еспаргаро но за жал излетав од патеката. Во следните трки ќе се обидеме да бидеме подобри и ќе биде навистина важно во следните неколку недели на Yamaha да и обезбедиме што е можно повеќе информации со цел да го подобриме мотоциклот и да го одредиме правецот за следната сезона.“

Ваквото мислење го дели и неговиот тимски колега Маверик Вињалес кој исто така имаше лош настап и на крајот заврши зад сателитскиот возач на Yamaha, Јохан Зарко.

„Очекував работите да бидат полоши бидејќи утрово се надевав дека ќе бидам меѓу петнаесете најдобри возачи. На почеток на трката се обидов да притиснам повеќе, се обидував да ризикувам и да дадам се од себе. Денеска, ова беше максимумот и сега ќе мораме да мислиме на трката во Австралија.“

„Се уште има шанси да се освои шампионатот. Секако дека условите ќе бидат различни во Австралија. Мотоциклот ќе биде различен, а исто така и пневматиците. Не знаеме како ќе се одвиваат работите но таа патека навистина ми се допаѓа, уживам кога возам таму и затоа со нетрпение чекам повторно да се качам на мотоциклот.“ - Маверик Вињалес

Би можело да ве интересира

Не е необично кога одредена компанија со цел да привлече што е можно поголемо внимание, одлучува за време на некое мото шоу да претстави мотоцикл кој се базира на некој иден модел. Но R18 "Departed" кој го видовме за време на мото шоуто во Јокохама има уникатен 1800cc мотор.

„После 20 години прекинува прозиводството на големиот мотоцикл на Suzuki“

„Новиот фабрички возач на КТМ, Јохан Зарко, нема да се обиде да го копира агресивниот стил на возење на Пол Еспаргаро“

„Детали за 41-то издание на најпознатата трка на издржливост во светот“

Белгијците и нивното чоколадо едноставно не можат да бидат разделени, а тоа особено важи за Белгискиот MotoGP возач и иден Moto-E натпреварувач, Хавиер Симеон. Го посетивме во неговата продавница за чоколади за да го прашаме како успева да му одолее на искушението.

„Дани Педроса ќе го има своето деби со KTM RC16 на тестот кој ќе се оддржи во Херез кон крајот на месецов“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.