MotoGP

Распоред за следење на МотоГП трката во Австрија

Во продолжение ќе ги најдете информациите за Австриската патека како и распоред за следење на МотоГП трката.

Следете нè на:

 

Во продолжение ќе ги најдете информациите за Австриската патека како и распоред за следење на МотоГП трката.

МотоГП шампионатот се врати во Австрија во 2016 година, по пауза од 18 години. Првото Австриско Гранд При се одржа во 1971 година на патеката Салцбургринг, каде трки се одржуваа до 1994 година, во 1996 година шампионатот се сели на новата патека до тогаш позната како Остерихринг. Во 1996 и 1997 патеката е домаќин на Гранд При трките под името А1 ринг, а од 2011 со новиот спонзор стана Ред Бул Ринг.

aerial p 20150904 00414 10 austria p 20150904 00414 hires jpeg 24bit rgb 0.big

Патеката е со должина од 4.3км, составена е од 10 свиоци од кои 3 се леви, а 7 се десни. Има ширина од 13 метри, а најдолгиот правец изнесува 626 метри на кој се развиени максимални 316.7км/ч. Рекордот на патеката го држи Андреа Довициозо и изнесува 1.23,827

Возбудувањата во Австрија ќе се одвиваат според следниот распоред со директен пренос на SportKlub 3 каналот:

Петок (14.08.2019) - SportKlub 3
09:00 MOTO 3 – ТРЕНИНГ 1  
09:55 MOTO GP – ТРЕНИНГ 1
10:55 MOTO 2 – ТРЕНИНГ 1
13:10 MOTO 3 – ТРЕНИНГ 2
14:05 MOTO GP – ТРЕНИНГ 2
15:05 MOTO 2 – ТРЕНИНГ 2
Сабота (15.08.2019) - SportKlub 3
09:00 MOTO 3 – ТРЕНИНГ 3
09:55 MOTO GP – ТРЕНИНГ 3
10:55 MOTO 2 – ТРЕНИНГ 3
12:35 MOTO 3 – КВАЛИФИКАЦИИ
13:30 MOTO GP – ТРЕНИНГ 4
14:10 MOTO GP – КВАЛИФИКАЦИИ
15:05 MOTO 2 – КВАЛИФИКАЦИИ
Недела (16.08.2019) - SportKlub 3
08:40 MOTO 3 – WARM UP
09:10 MOTO 2 – WARM UP
09:40 MOTO GP – WARM UP
11:00 MOTO 3 – ТРКА
12:20 MOTO 2 – ТРКА
14:00 MOTO GP – ТРКА

Би можело да ве интересира

Со новиот R 18 Transcontinental, BMW ја надополнува својата R 18 фамилија со т.н. голема американски турер. На овој модел се надоврзува и т.н. бобер, модел кој е именуван едноставно како R 18 B.

Кал Крачлоу ќе го замени возачот на Petronas Yamaha SRT, Франко Морбидели на двете трки во Австрија и следната во Велика Британија.

И покрај тоа што челниците на KTM во 2015 година најавија дека нема повеќе да прават супер брзи мотори кои припаѓаат на патеките а не на улиците, сепак еве демант, барем во некоја рака. 

Дани Педроса, сега тест возачот на Red Bull KTM Factory Racing за прв пат на патеката во Австрија ќе се појави со KTM RC16 во натпреварувачка конкуренција. 

Givi во својата богата понуда вклучи и универзално светло чија задача ќе биде да ја осветлува внатрешноста на вашиот куфер. 

Од чилеанскиот Каретера аустрал до украинските карпати, од канадските прерии до европските најпопуларни места за возење, глобалната мото заедница за прв пат се обедини и возеше, и виртуелно и физички, на првиот THE WORLD ADVENTURE WEEK организиран од страна на KTM и апликацијата Riser.

Реклами

Листа на мото настани

  • 30 Јули 2021 - 01 Август 2021
  • Мотодом Џинка
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.