На ред е деветата рунда од МотоГП шампионатот која викендов ќе се вози на патеката Каталуња во близина на Барселона.
Патеката Каталуња е домаќина на МотоГП трките од првиот пат кога беше воведена во МотоГП календарот, во 1992 година. Викендов ќе се вози деветата рунда од МотоГП шампионатот, односно осма трка во најсилната класа.
Домашната патека на Марк Маркез, Хорхе Лоренцо, Маверик Вињалес, Дани Педроса и браќата Алеш и Пол Еспергаро е со должина од 4,6км. Составена е од 14 свиоци од кои 6 се леви, а 8 десни. Најдолгиот правец изнесува 1047 метри, најголемата забележана брзина е 348.8км/ч, а рекордот на патеката изнесува 1:40.021 и е во сопственост на Хорхе Лорнецо.
Возбудувањата во Шпанија ќе се одвиваат според следниот распоред:
Петок | SportKlub 3 |
09:00 MOTO GP CATALUNYA: MOTO 3 – ТРЕНИНГ 1 |
09:55 MOTO GP CATALUNYA: MOTO GP – ТРЕНИНГ 1 |
10:55 MOTO GP CATALUNYA: MOTO 2 – ТРЕНИНГ 1 |
13:10 MOTO GP CATALUNYA: MOTO 3 – ТРЕНИНГ 2 |
14:05 MOTO GP CATALUNYA: MOTO GP – ТРЕНИНГ 2 |
15:05 MOTO GP CATALUNYA: MOTO 2 – ТРЕНИНГ 2 |
Сабота | SportKlub 3 |
09:00 MOTO GP CATALUNYA: MOTO 3 – ТРЕНИНГ 3 |
09:55 MOTO GP CATALUNYA: MOTO GP – ТРЕНИНГ 3 |
10:55 MOTO GP CATALUNYA: MOTO 2 – ТРЕНИНГ 3 |
12:35 MOTO GP CATALUNYA: MOTO 3 – КВАЛИФИКАЦИИ |
13:30 MOTO GP CATALUNYA: MOTO GP – ТРЕНИНГ 4 |
14:10 MOTO GP CATALUNYA: MOTO GP – КВАЛИФИКАЦИИ |
15:05 MOTO GP CATALUNYA: MOTO 2 – КВАЛИФИКАЦИИ |
Недела | SportKlub 3 |
08:40 MOTO GP CATALUNYA: MOTO 3 – WARM UP |
09:10 MOTO GP CATALUNYA: MOTO 2 – WARM UP |
09:40 MOTO GP CATALUNYA: MOTO GP – WARM UP |
11:00 MOTO GP CATALUNYA: MOTO 3 – ТРКА |
12:20 MOTO GP CATALUNYA: MOTO 2 – ТРКА |
14:00 MOTO GP CATALUNYA: MOTO GP – ТРКА |