MotoGP

Победа за Лоренцо на трката во Муџело

Хорхе Лоренцо победи на Италијанското MotoGP во Муџело, Марк Маркез го испушти второто место, а Валентино Роси се судри со Алваро Баутиста во првиот круг.

Следете нè на:

 

lor1-mugЛоренцо слави трета година по ред во Муџело

Хорхе Лоренцо победи на Италијанското MotoGP во Муџело, Марк Маркез го испушти второто место, а Валентино Роси се судри со Алваро Баутиста во првиот круг.

Хорхе Лоренцо оствари победа на Италијанската MotoGP трка трета година по ред, и ја постигна првата победа за Yamaha по трката во Катар.

Дебитантот Марк Маркез беше блиску до освојување на второто мето, откако го помина тимскиот колега Дани Педроса на пет круга до крај, но сепак, три круга пред крајот тој излета надвор од патеката.

Педроса повторно се најде на втората позиција иако се соочи со притисок од возачот на Tech 3 Yamaha, Кал Кратчлоу кој заврши една секунда побавен од Шпанецот.

Штефан Брадл (Honda LCR), Андреа Довициозо (Ducati) и Ники Хејдн(Ducati) ги комплетираа првите шест места.

lorenco-pedrosa-mala

Трката започна катастрофално лошо за домашниот херој Валентино Роси, чиишто надежи за искачување на подиумот завршија кога тој и Алваро Баутиста се судрија после само неколку свиоци.

Од снимките може да се види како Баутиста го удира Роси додека се префрлаат од лева на десна страна. Шпанецот веднаш падна, а Роси беше истуркан надвор од патеката.

И двајцата силно се удрија во заштитните гуми и имаа среќа што поминаа без посериозни последици.

Лоренцо, Педроса и Маркез ја продолжија својата борба и наскоро се одделија од останатите возачи. До половина на трката имаше мала разлика помеѓу водечкото трио, но темпото кое го имаше Лоренцо се покажа како недостижно.

Лоренцо сега се искачи пред Маркез и се наоѓа на второ место на табелата со заостанување од 12 поени зад Педроса .

Кал Кратчлоу се наоѓа шест поени зад Маркез. Тој почуствува дека има шанса за освојување на третото место, но одлучи да игра на сигурно откако Маркез излета од патеката и местото на подиумот беше сигурно.

Довициозо, кој го повреди вратот во петокот, ја започна трката од надворешната страна на првиот ред, но знаеше дека ќе има тешка задача за да ја задржи својата позиција. Но сепак, Италијанецот се бореше за четвртата позиција со Бредл до самиот крај, губејќи за само неколку десетинки.

Поз.ПоениБр.ВозачТимМоторКм/чВреме
1 25 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing Yamaha 173.7 41'39.733
2 20 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda 173.3 +5.400
3 16 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 173.2 +6.412
4 13 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP Honda 172.4 +19.321
5 11 4 Andrea DOVIZIOSO Ducati Team Ducati 172.3 +19.540
6 10 69 Nicky HAYDEN Ducati Team Ducati 171.9 +26.321
7 9 51 Michele PIRRO Ducati Test Team Ducati 171.1 +38.144
8 8 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar ART 171.0 +39.802
9 7 38 Bradley SMITH Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 170.9 +40.243
10 6 8 Hector BARBERA Avintia Blusens FTR 170.4 +48.392
11 5 14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar ART 170.4 +48.480
12 4 9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project Ioda-Suter 168.7 +1'13.708
13 3 29 Andrea IANNONE Energy T.I. Pramac Racing Ducati 168.6 +1'14.601
14 2 5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 168.2 +1'21.249
15 1 17 Karel ABRAHAM Cardion AB Motoracing ART 167.9 +1'25.738
16   68 Yonny HERNANDEZ Paul Bird Motorsport ART 167.8 +1'27.339
17   70 Michael LAVERTY Paul Bird Motorsport PBM 167.8 +1'27.758
18   67 Bryan STARING GO&FUN Honda Gresini FTR Honda 166.7 +1'44.424
19   52 Lukas PESEK Came IodaRacing Project Ioda-Suter 166.7 +1'45.227
Без пласман
    93 Marc MARQUEZ Repsol Honda Team Honda 173.4 3 круга
    71 Claudio CORTI NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 167.4 6 круга
    7 Hiroshi AOYAMA Avintia Blusens FTR 166.3 7 круга
    46 Valentino ROSSI Yamaha Factory Racing Yamaha   0 круга
    19 Alvaro BAUTISTA GO&FUN Honda Gresini Honda   0 круга

Би можело да ве интересира

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Алваро Баутиста детално откри како во текот на зимата се прилагодува на мотоциклот на Ducati со кој во сезоната 2019 ќе се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат. Баутиста го имаше своето деби со Aruba.it Ducati во текот на дво-дневниот тест на патеката во Херез и за прв пат го испроба новиот Ducati V4 R Superbike.

Првите луѓе на Светскиот Супербајк шампионат ги потврдија драстичните промени на структурата на серијата кои ќе започнат од 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.