(Време на читање: 2 - 3 минути)


Тимскиот директор на Petronas Yamaha, Јохан Штигефелт вели дека откако тимот ги надминал очекувањата за сезоната 2019, целите но и притисокот ќе се зголемат следната сезона.

Petronas Yamaha ги изненади речиси сите во својот премиерен настап во MotoGP. Екипата ги освои наградите за најдобар независен возач и најдобар независен тим.

Фабио Куартараро и Франко Морбидели импресионираа со настапот во текот на целата година. Францускиот дебитант седум пати се искачи на подиумот а имаше и шест пол позиции. Откако ги надминаа сите цели за сезоната 2019, тимскиот директор Јохан Штигефелт вели дека следната сезона тимот ќе има повисоки цели.

„Со оглед на настапот минатата година, притисокот сигурно ќе биде поголем во 2020-та“, вели Штигефелт. „Изминатата сезона беше како меден месец а следната година ќе мораме да потврдиме дека резултатите не биле случајни. “

„Ќе имаме поголеми предизвици но ние сме подготвени да се соочиме со нив.  Високо ги поставивме нашите цели но ќе се обидеме да ги надминеме. Сите кои се дел од овој тим се компетитивни и сакаат да бидат уште подобри. Никој нема да биде задоволен се додека не ја исполниме целта.“

 DSC3950 copy copy copy copy

Поранешниот возач вели дека исти очекувања има и од Moto2 и Moto3 тимовите.

Минатата сезона, екипата која е дел од Moto2 серијата немаше голем успех, пред се поради тешката повреда на главниот возач, Каирул Идхам Пави. Во текот на кампањата, него го менуваа дури четворица возачи а тимот само два пати се најде на позиција која носи поени.

„2019 беше многу тешка за тимот кој е дел од Moto2. Добро е кога имате искусен возач како што е Чаави Виерге и некој помлад кој сака да се докажува. Таков е примерот со Џејк Диксон. Џејк може да изненади а на Чави му е потребен само добар мотоцикл да се бори за врвот.“

 DSC5173 copy

Екипата имаше поголем успех во Moto3 шампионатот. На патеката во Ле Ман, Џон МекФи им помогна да стигнат до првата победа. Сезоната ја заврши на петото место а тимскиот директор вели дека следната година очекува екипата да се бори за титулата.

„Во Moto3 целите се прилично високи. Знаеме на што треба да работиме за секоја недела да се најдеме на врвот“, вели тој. „Пави иако е враќа во оваа серија, тој сепак добро ја познава и веќе има постигнато успех тука. “

Тимот на Petronas Yamaha во MotoGP следната година ќе остане непроменет. Во Moto2 ќе имаат сосема нова екипа, Диксон и Виерге а промени ќе има и во Moto3 каде Пави ќе му се приклучи на МекФи.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: