Откако победи на трката во Австрија во последните неколку метри, Мигел Оливеира имаше одличен настап на домашната Гран При трка и стигна до нова победа.

Мигел Оливеира вели дека не можел да ја погледне таблата за возачите во првите неколку круга. Тој ја претвори пол позицијата во солидно водство во првите етапи од трката. На крајот, домашниот херој стигна до убедлива победа, негова втора во кариерата.

До првата победа во Австрија стигна во последните неколку метри но овој пат ситуацијата беше сосема спротивна. Стартуваше од пол позицијата, многу подобро од претходниот најдобар старт кој му беше од петото место. Не покажа никаква нервоза и веќе од првиот свиок почна да прави разлика во однос на останатите возачи. После четири круга веќе имаше предност од три секунди.

„Ова беше долга трка. Поинаку беше во Австрија бидејќи таму до победата стигнав во последниот круг. Тука беше поинаку. Стартував прв и завршив на првото место. Но и тука имаше притисок за да не направам грешка.“

„Во првите три круга не сакав да ја погледнам таблата. Сакав само да се концентрирам на патеката. Малку по малку ја зголемував предноста.“

Oliveira txt 23 11 2020

Со оваа победа, Оливеира се искачи на деветото место во генералниот пласман. На крајот заостанува само 14 поени зад трето пласираниот возач а не смее да се заборави и дека два пати, поради грешка на другите возачи, излета надвор од патеката.

„Ова беше многу изедначен шампионат. Возачите и тимовите беа многу компетитивни. Фабрички и сателитски тим може да стигне победа или пак да се искачи на подиумот. “

„Секогаш морате да бидете концентрирани и да дадете максимум. Мислам дека следната година ќе биде уште потешко, но можеби и грешам. Тоа е само моја претпоставка.“

Back To Top