Почнувајќи од првиот ред во Лосали, Педроса успеа да му го украде второто место на возачот на Monster Yamaha Tech 3, Кал Кратчлоу, но не успеа да го предизвика победникот Хорхе Лоренцо.  На крајот тој сепак заврши на четвртото место.

pedrosa original

Катар не беше стартот кој што го очекувавме, но знам што беше проблемот. Бевме во Остин пред само еден месец и сигурен сум дека тоа ќе ни биде корисно. Патеката има многу тесни свиоци и темпото постојано се менува. Сепак, патеката ќе биде сосема поинаква со многу повеќе мотоцикли па се надевам дека Хондата сеуште ќе работи добро.

Дани Педроса

Најдобар на три-дневниот тест беше Маркез кој според многумина е и фаворит за победа.

Да се биде на подиумот на мојата прва трка беше остварување на сонот, но сега мораме да се фокусираме на реалноста и на следните предизвици. Со нетрпение чекам да заминам во Остин. Ќе се сконцентрираме на работата и на нашата агенда за да се подготвиме на најдобар можен начин за трката.

Марк Маркез

Патеката во Остин ќе стане четвртата Американска патека  која ќе биде домаќин на трка од Светскиот Шампионат, трета во годинашниот календар заедно со Лагуна Сека и Мотор Спидвеј. 

Back To Top