По долгата пауза најголемиот циркуз на 2 тркала се врати во Британија, со одлични трки во трите класи.

MotoGP 

Во кралската класа картите беа измешани уште пред да започне трката во неделата со тоа што фаворитот и лидерот во првенството Quartararo ја влечеше онаа (long lap) несреќна казна од трката во Холандија, тоа што другиот фаворит Aleix Espargaro така силно се “истресе” во FP4 и на крај третиот фаворит Pecco буквално го немаше никаде цел викенд. Ова сигурно значеше дека е време да победи некој друг? Zarco одамна не направил салто наназад, нешто што го гледавме често во времето кога победуваше во Moto2. Дури 15 победи во двете сезони кога на двапати ги освои титулите во класата! Тргна од првата позиција и водеше пред сонародникот Fabio кој секако мораше да ја одработи казната, се до моментот кога се склопи предното тркало на неговото Ducati, по што заврши во песокот надвор од патеката. Ова беше можеби и најдобрата можност за првата победа во оваа класа, но ќе треба да почека некоја следна трка за повторен обид. 

63 francesco bagnaia ds 6603.gallery full top lg 

Овој пад ја отвори повторно можноста за победа кај Fabio кој и покрај казната имаше надеж за триумф заради краткиот (долг) круг кој служи за одработување на казна, на оваа патека, нешто што наиде на негодување кај постариот Espargaro. И навистина, ако на останатите патеки реално се губи околу 3-3.5 секунди при одработување на казната, зошто би било поинаку на оваа патека? Тоа е секако тема за размислување за организацијата на трката…

Како и да е Fabio по казната се врати на петтата позиција и продолжи да тоне во поредокот заради карактеристиките на M1-цата, која едноставно ги загрева гумите многу повеќе од другите и ги губи перформансите, па заврши осми. Затоа и најчесто го гледаме младиот Французин како напаѓа агресивно на почеток на трка и бега напред за да не падне во оваа стапица.

ОК, ако не Fabio тогаш сигурно Jack ќе победи? Иако водеше на кратко, сепак Австралиецот не издржа покрај неговиот тимски колега Pecco и Rins кој делуваше доминантно во дуелите. 

Значи тепаше Rins, така? Шпанецот заврши седми на крајот, во неверување каде му отидоа перформансите. Сепак Suzuki не е на ниво на останатите мотори, што се очекуваше по најавата за повлекувањето од шампионатот, а и падот на Mir беше дополнителна потврда. Едноставно двајцата возачи вадат максимум од пакетот кој го поседуваат, но тоа не е доволно за добар резултат, по што следуваат грешки и трошење на пневматиците.

 ds 3128 mejorado.gallery full top lg

Сега јасно ни е дека победи Pecco? Секако дека победи, но не му беше баш лесна победата ако знаеме дека во претпоследниот круг беше претекнат од Maverick Vinales кој го подобри пласманот од минатата трка и сега веќе сигурно атакува на победа. Иако заврши како втор, (се уште) младиот Шпанец покажа зрелост и трпение, нешто што и не му беше баш јака страна во минатото кога знаеше да оди на се или ништо и да падне во моментите кога моторот не можеше да му испорача перформанси. Последен таков пример беше трката во Австралија кога попушти под налетите на Marquez и го изгуби подиумот во невозможен обид да му парира на сонародникот. Ако успее конечно да се надмине себеси, можеме да гледаме реприза на неговата сезона во Moto3 кога распадот на односите со тимот и напуштање на натпреварите, се врати следната сезона и освои титула. Неверојатен е потенцијалот на возачот кога се сите нешта поставени правилно во еден тим. 

Трет заврши Jack Miller за уште една солидна епизода и многу бодови за тимот. Четврт пристигна Bastianini кој како да сакаше да им покаже уште еднаш на шефовите на Ducati дека токму тој е вистинскиот избор за фабричкиот тим за следната сезона, претекнувајќи го глaвниот конкурент за местото во тимот, Шпанецот Martin, баш во последниот круг, кој исто така извозе добра трка, но не можеше да му се спротивстави на Enea, на кој му фалеа кругови да ги претекне сите пред себе. Неверојанто вози “малиот ѕвер” особено ако се земе предвид блискиот контакт на почеток на трката која го остави без левиот горен спојлер на оклопот, па човекот мораше да компензира при сопирање во свиок со уште поагресивно исфрлање на десната нога како противтежа!? Интелигенција на максимум :).

Изненадувачки шести заврши Miguel Oliveira, кој заедно со неговиот тимски колега Binder, возеше со новиот издувен систем и конечно имаше една солидна трка. 

Aleix на крајот заврши како деветти зад главниот конкурент Fabio и не изгуби многу поени во однос на него, но сега го има и одличниот Pecco во силна форма, па ќе треба да се одмори и да нападне повторно во Австрија ако сака да се задржи во борбата за титула.

На крајот од трката Италијанот се заблагодари за советите кои му ги дале легендите Rossi и Stoner, за да ги разбере подобро пневматиците и секако на тимот кој пред трка му ја смени геометријата на моторот, нешто што апсолутно не е пракса, затоа што без тестирање на новиот сетап се потпира на прогнозата на инженерите во тимот. Уште едно браво!

За компетитивноста на натпреварувачите во оваа трка потврдува фактот што првите десет завршија во 6.6 секунди со одличниот Bezzecchi на десеттата позиција, ште е само втор ваков резултат во историјата на спортот!

Moto2

Првенството е комплетно отворено во средната класа, особено по се полошата форма на Vietti и се позрелото возење на Augusto Fernandez. Иако на крајот од трката, по казната на Vietti и ниската стартна позиција можеме да кажеме дека успеа да ја спаси ситуацијата со освоеното шесто место, сепак мора да покаже подобра форма во квалификациите за да остане во борба за титула. Едноставно Шпанецот е во голема форма и ќе биде проблем да се намалува бодовната разлика. А возачот на KTM ја потврди одличната форма со нападот за водство кој искусно го планираше во текот на целата трка. Така се станува шампион! А одличниот Alonso Lopez нема за што да тагува затоа што даде максимум и водеше во поголемиот дел од трката, единствен меѓу првите 14 со шасија Boscoscuro, односно која не е Kalex! Домашниот возач Dixon конечно покажа и агресија и подготвеност да се бори немилосрдно до крај со освојување на третата позиција. Едноставно тука нема простор за џентлменство, барем не на патеката, и ако сака да оди понатаму ќе мора да продолжи да вози токму вака. Четвртиот и петтиот, Ogura и Canet потрошија премногу време во сопствените дуели за да направат нешто повеќе, но тоа пак од друга страна ни понуди возбуда во оваа трка.

Уште еден домашен возач Sam Lowes, немаше среќа викендов, па ја следеше трката од боксот, по страшниот пад уште во вториот круг од првата сесија која го остави со дислоцирано рамо. 

Moto3

По првата пол позиција на талентираниот дебитант, Бразилецот Diogo Moreira, кој се уште се опоравува од повредата на зглобот на десната дланка, можеме да потврдиме дека е еден од оние посебни возачи. Оваа патека е навистина брза исполнета со долги свиоци и нема многу свиоци со моќно сопирање, но сепак е успех да се освои пол позиција во класата која е позната по високата конкуренција. Во текот на трката Бразилецот падна во поредокот и до десеттата позиција, но сепак на крајот заврши на виското шесто место со 0,88 секунди заостаток зад победникот Foggia кој конечно заврши една трка по многуте пехови во изминатите тркачки викенди. Како дополнителна помош на Италијанот беа и падовите на двајцата возачи на Aspar, и главни конкуренти за освојување на титулата, па насмевката на крајот од трката беше навистина огромна, па дури се спореди самиот себеси со големиот Jorge Lorenzo и победите кој ги имаше на оваа патека. За Денис и Денис на подиумот се погрижи и Турчинот Oncu, кој заврши како трет, и воедно беше едниствениот разочаран, затоа што не му успеа планот да победи. Го спомена на крај и менторот и петкратен шампион во класата SuperSport, Kenan Sofuoglu со кого тренира, кој е турската верзија на Rossi за сите турски возачи кои настапуваат во MotoGP и WSBK.

Jaume Masia успеа да го спаси лошиот викенд со одличното второ место, иако се бореше за победа до последниот свиок. А лидерите во поредокот и тимски колеги Guevara и Garsia беа срушени во два независни инциденти, ни криви ни должни и тоа додека беа во водечката група. Штета за нив, но добро е за првенството што се приближија бодовно и останатите. 

За две недели се селиме во Австрија на патеката Spielberg која е сега малку успорена со новата шикана по првиот свиок која треба да ги “смири” малку возачите пред опасната (по старо) втора кривина.

uk gp

Back To Top

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.