Јохан Зарко соопшти дека во сезоната 2020 од MotoGP шампионатот ќе настапува за Avintia Ducati.

Avintia објави соопштение во кое го потврдува пристигнувањето на Јохан Зарко. Следната сезона тој ќе му биде тимски колега на Тито Рабат.

Како што се шпекулираше, Французинот потпиша едногодишен договор директно со Ducati. На Avintia ќе и се приклучат двајца инжинери како и две лица специјално задолжени за електрониката на мотоциклот.

Раул Ромеро, сопственик на Reale Avintia Racing: „Навистина сум среќен и возбуден што на нашиот тим ќе му се приклучи возач каков што е Јохан Зарко. Тој ќе го подобри напредокот на тимот а со ова ние станавме и официјален сателитски тим кој во иднина ќе има поквалитетна машина.  Целиот овој пакет сигурно ќе се одрази добро на патеката. Се надеваме дека Јохан и Тито ќе бидат меѓу најдобрите десет возачи следната година и ќе бидат пример за сите идни возачи кои ќе бидат дел од екипата.  На крајот сакаме да им се заблагодариме на нашите спонзори за помошта која ни ја даваа во изминативе сезони. Без нив, ова немаше да биде возможно.“

Сега и официјално е решена иднината на Јохан Зарко откако тој објави дека следната година ќе настапува за Avintia Ducati.

Французинот на Инстаграм напиша и дека ја надмина повредата на зглобот која ја доби при излетувањето на Икер Лекуона на последната трка од минатата година во Валенсија. Вели и дека наскоро ќе почне со тренинзи.

Зарко планираше да го преземе местото на Хорхе Лоренцо во тимот на Honda но на крајот екипата се одлучи за Алекс Маркез.

Освен Aprilia, Зарко има настапувано за сите производители кои се дел од MotoGP шампионатот.

Zarko Avintia txt 10 12

Договорот со Avintia преставува конечна разврска за турбулентната сезона 2019 која ја имаше  Французинот. Тој ја започна годината во тимот на КТМ но веќе некаде на половина од годината дојде до прекина на соработката меѓу двете страни. Иако се очекуваше да ја заврши сезоната до крај, сепак тој беше заменет со Мика Калио.

Постоеше можност да стане тест возач за тимот на Yamaha MotoGP но 29 годишниот возач ризикуваше и стана замена за Такааки Накагами во LCR Honda.

Иако немаше потврда дека и во иднина ќе остане дел од екипата, гласините особено се засилија откако Лоренцо објави дека ќе се повлече од натпреварувањето. Иако Зарко заврши одлична работа додека беше на замена и беше еден од фаворитите да го преземе местото на Шпанецот, сепак на крајот тимот се одлучи да потпише договор со Алекс Маркез.

Францускиот Гран При промотор, Клод Миши па дури и првиот човек на Dorna ,Кармело Езпелета, силно притискаа тој и во иднина да остане дел од серијата.

Возачот со број 5 првично ја одби понудата на Avintia, велејќи дека не сака да му се случат истите работи како и во КТМ. Наместо тоа , како што изјави, подобро би било да премине во Moto2 шампионатот.

Сепак, на крајот Ducati успеа да го убеди дека на располагање ќе има квалитетен мотоцикл но и екипа која ќе работи само за него.

А кога Карел Абрахам објави дека нема да биде дел од серијата во сезоната 2020, ширум се отвори вратата за Зарко. Покрај тоа што ќе им помогне на Миши и Езпелета, самиот ДалИгна сака во тимот да има возач кој е многу сличен на Хорхе Лоренцо.

Зарко ќе мора да почека се до февруари и тестот во Сепанг за да го испроба новиот мотоцикл. За време на последниот тест во Херез, негова замена беше Ерик Гранадо кој е дел од MotoE серијата.

За време на последното интервју, Зарко откри дека има директен договор со Ducati и дека има за цел да стане фабрички возач на тимот во сезоната 2021.

Back To Top