Кејси Стонер нема да настапи на трката во Брно која се вози викендов откако денеска добил инструкции од лекарите да се врати во Австралија каде ќе му биде извршена операција на зглобот на десната нога.

За попладнево е закажана прес конференција на која тој ќе го соопшти ова пред медиумите но сигурно е дека вечерва тој заминува во родната земја каде ќе биде подложен на хируршки зафат. Неизвесно е колку ќе отсуствува од патеките но според неговите зборови тој би бил среќен доколку успее да се врати пред трката за ГН на Австралија на патеката Филип ајленд.
Во секој случај по оваа одлука веројатноста за трета титула во неговата последна година во МотоГП е невозможна.