(Време на читање: 1 - 2 минути)


После првиот тест во MotoGP со задолжителниот „ECU“, Валентино Роси изјави дека тоа е како скок во минатото.

Сепак за Јамаха значителен напредок беше постигнат за време на вториот ден од тестирањето во Валенсија  - последната MotoGP акција за оваа година за Роси и неговиот тимски колега, шампионот Хорхе Лоренцо.

Тимскиот менаџер на Лоренцо, Вилко Зеленберг, за Crush.net изјави дека Yamaha се вратени три до четири години, и дека се уште ги чека многу работа.

„Точно е дека се уште треба многу да работиме на тоа, и секако овие мотоцикли од Honda и Yamaha, беа многу добро направени: контрола на тракцијата, моторното сопирање, се ова е важно,“ изјави Зеленберг.

„Одеднаш се е променето и користиме ECU систем кој никогаш до сега не бил тестиран. Затоа и не е чудно што тие беа толку изгубени првиот ден. Но штом ќе можат да ги прочитаат податоците, ќе можат да разберат што не е во ред.  Тогаш ќе остане само да се прилагодат неколку работи.“

Возачот на Repsol Honda, Марк Маркез, се пожали дека новиот систем го преоптоварува моторот.

„Мислам дека истиот случај е и кај нас. Не можам да ви дадам точен одговор бидејќи не сум го возел мотоциклот, но она што можам да го слушнам од Хорхе е дека ECU-то воопшто не е добро.

Лоренцо го заврши тестот во Валенсија на петото место, а Роси беше седми.

Додека од Honda, поминаа три дена на патеката во Херез, Yamaha реши да не врши приватни тестирања се до 2016- та година. Тоа значи дека Роси и Лоренцо ќе се вратат на патеката дури во февруари во Малезија (Сепанг).

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: