Задутре пет MotoGP возачи, во пресрет на трката во Мисано,  ќе имаат имаат средба со папата Франциско во Ватикан.

На средбата од возачите ќе присуствуваат Марк Маркез, Дани Педроса, Данило Петручи, Џек Милер и Андреа Ианоне, а на нив ќе им се приклучат Кармело Езпелета и Паоло Симончели, таткото на Марко Симончели.

Возачите ќе заминат во Рим во среда, денот кога папата вообичаено има говор на плоштадот свети Петар.

vatican

Ова не е прв пат како еден папа покажува интерес за мотоспортот. Во 2013 година, за време на прославата на Harley-Davidson, тој благослови група на возачи.

Ваквата одлука сепак наиде на осуда кај дел од корисниците на социјалните мрежи кој прашаа, дали е во ред да се меша религијата и спортот.

Back To Top